Вонредна седница на унгарскиот парламент, можна расправа за кандидатурата на Шведска

Унгарскиот парламент во понеделник ќе одржи седница на барање на опозициските партии, а на дневен ред се очекува да биде ратификацијата на шведската кандидатура за членство во НАТО, се наведува во соопштението за медиумите на официјалната веб-страница на законодавното тело на земјата. Сепак, не е познато дали приврзаниците на владејачката партија Фидес ќе присуствуваат на вонредната седница на унгарскиот парламент, …

Continue Reading

Животната драма на некогаш најплатениот фудбалер во светот

Поранешниот аргентински репрезентативец Езекиел Лавеци (38) во последните два месеци ги минува најтешките моменти во животот. Неодамна по неколку хоспитализации заврши на психијатрија. Беше избоден со нож во декември, а неколку недели по закрепнувањето се предозира. „Марка“, пишува дека лекарите му дијагностицирале хипоманија, хронично нарушување на расположението. „Тој не се лекува од злоупотреба на дрога или алкохол, туку од психијатриско …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска: Поддршката која ја даваме на општините за развој на културата носи и економски бенефити

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната промоција на Програмата за користење на капитални дотации за инвестициони проекти во единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2024, заедно со градоначалниците на општините, нагласи дека културата сè повеќе се осознава и како индустрија која на локалната заедница може да и донесе големи економски бенефити. „Осознавањето и ползувањето на таа …

Continue Reading

Кисела Вода чисти огромна депонија во местото Бара, досега исчистени преку 70 поголеми депонии

Огромна дива депонија создадена од неодговорни граѓани се чисти денес во местото викано Бара во општина Кисела Вода. На собирање на отпадот, настанат како последица од неодговорното однесување на поединци, ќе се работи цел ден, а по потреба и утре, се до целосна елиминација на депонијата. Градоначалникот Ѓорѓиевски уште еднаш апелираше до граѓаните за совест и почитување на Законот за …

Continue Reading

Три банки оствариле рекорден профит од над 184 милиони евра во 2023 година, велат од Левица

Комерцијална, НЛБ и Стопанска банка АД Скопје ги срушија сопствените рекорди и остварија профит над 184 милиони евра во 2023 година, повисок од претходната година за 61,6 отсто. Приходите од камати изнесуваат 267 милиони евра, а приходите од провизии и надоместоци безмалку 116 милиони евра. Стопанска Банка оствари највисоки приходи од камати, а НЛБ Банка води со профит околу 70 …

Continue Reading

Ограбена полицајка во МРТВ

Вчера во 15.30 часот во Полициска станица Центар, Џ.Д.(39) од Скопје, вработена во МВР, во зградата на МРТВ, пријавила дека во текот на денот, од чанта во нејзината канцеларија ѝ бил одземен паричник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Јувентус е подготвен да го продолжи договорот со Алегри

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри наскоро би можел да потпише нов договор со клубот, пишува „Газета дело Спорт“. Пред почетокот на сезоната се шпекулираше за негово можно заминување од клубот, но оваа сезона искусниот стратег ја надмина првичната цел, бидејќи „старата дама“ се бори за титулата во Серија А. Актуелниот договор на Алегри е до летото 2025 година, а според …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска: Со капиталните дотации во општините го зајакнуваме локалниот културен идентитет

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Владата ги потпиша договорите од Програмата за користење на капитални дотации за инвестициони проекти во единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2024, заедно со градоначалниците корисници на средствата од оваа програма. Костадиновска-Стојчевска информираше дека годинава, за оваа намена, буџетот е зголемен за 10 милиони денари и изнесува 50 милиони денари, …

Continue Reading

(Видео) Најавата за борбата Фјури-Усик е како филм на Квентин Тарантино

Од 1999 година, во светот на боксот немало борба за апсолутен шампион во тешка категорија. Последен кој во своја сопственост ги имаше сите титули е Ленокс Луис. На 17 февруари во Ријад е закажан боксерски спектакл во кој во главната борба ќе се сретнат Тајсон Фјури и Александар Усик. Британецот го носи својот ВБЦ појас, а Украинецот шампионските појаси во …

Continue Reading