Maж од Сопиште најден мртов во шума

Шеесет и четиригодишен маж од селото Јаболце, во општината Сопиште бил најден мртов. Полицијата добила пријава дека безживотното тело на мажот било забележано во шума во близина на селото. Се работи за лице со иницијали Т.А.. Итната медицинска помош констатирала дека на телото на мажот немало видливи траги на насилство и е предадено на обдукција.

Continue Reading

Џафери поднесе оставка

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, поднесе оставка на функцијата. Џафери го овласти потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, да претседава со пленарната седница закажана за утре. Претходно денес, оставка поднесе и премиерот Димитар Ковачевски, со што во оставка е целата Влада до изборот на техничката в недела на 28 јануари. Џафери ќе биде новиот технички премиер, во период од три месеци, …

Continue Reading

Делалиќ во МЗТ до крајот на сезоната

Босанскиот репрезентативец, Харис Делалиќ договори соработка до крајот на сезоната со МЗТ Скопје Аеродром. Делалиќ во МЗТ дојде од Игокеа, каде што изминативе две сезони настапуваше во АБА-лигата. Кариерата ја почна во поранешниот европски шампион Босна, а има играно уште за екипите на Челик Зеница, Слобода Тузла, како и на белгиските прволигаши Шарлоа и Леувен. Делалиќ веќе е пристигнат во …

Continue Reading

Маричиќ на средба со Мурис: Со посветена работа, свесно и совесно раководење, успехот за пристапување во ЕУ е неминовен, реален и достижен

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денес одржа работна средба со амбасадорот на Кралството Белгија за Македонија, Фредерик Мурис. На средбата вицепремиерот Маричиќ и амбасадорот Мурис зборуваа за претседавањето на Белгија со Советот на Европската унија, како и за следните чекори кон реализација на европската агенда за Северна Македонија. Беше разговарано за заложбата на белгиското претседателство за Северна Македонија која …

Continue Reading

Работната група за реформи на Судски совет ги разгледа сите 40 препораки на Оценската мисија

Работната група за реформи на Судски совет ги разгледа сите 40 препораки на Оценската мисија. Во периодот кој следува ќе се конкретизираат мислењата и ставовите на членовите на групата со цел да се пристапи кон измена на Законот за Судски совет. Предвидени се измени во делот на изборот, одговорноста и разрешувањето на претседател и членови на Судскиот совет како и …

Continue Reading

Леклер го продолжи договорот со Ферари

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, го продолжи договорот со италијанскиот тим, беше потврдено во четвртокот. Претходниот договор на 26-годишниот возач од Монте Карло истекуваше на крајот на 2024 година. „Ферари со задоволство објавува дека го продолживме договорот со Шарл Леклер. Тој ќе продолжи да вози за италијанскиот тим во Светскиот шампионат во Формула 1 и по сезоната 2024 година“, се …

Continue Reading

Формиран новиот состав за Советот на информатичко-комуникациска технологија во правосудството

Во текот на вчерашниот ден министерот за правда, Кренар Лога донесе одлука за основање на нов Совет за координирање на информатичко- комуникациска технологија во правосудните органи кој ќе има 13 членови. Советот за ИКТ има за цел дефинирање и имплементирање на политиките за информатичко-комунициска технологија во правосудство, како и следење, спроведување и ревизија на Стратегијата за ИКТ во правосудство. За …

Continue Reading

Во Газа 20 лица загинаа додека чекале хуманитарна помош

Во израелскиот напад во градот Газа загинаа 20 лица додека чекале хуманитарна помош, соопштија палестинските власти, наведувајќи дека се ранети 150 лица. Бројот на загинати во нападот вчера врз засолниште во Газа се искачи на 12, додека повеќе од 75 лица се ранети, соопшти агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци. Израелската војска ја отфрли можноста нејзините авиони или артилерија …

Continue Reading

Бешикташ извиси, Матиќ ќе остане во Франција

Турските медиуми вчера објавија дека Немања Матиќ детали го делат од трансфер во Бешикташ, но искусниот играч реши да остане во Франција. Матиќ нема намера да ја напушта Франција и ќе ја продолжи кариерата во Лион. Матиќ ќе потпише две ипол годишен договор, кога Лион и рен ќе се договорат околу обесштетувањето. Поранешниот српски репрезентативец минатото лето изненди со одлуката …

Continue Reading