Кремљ: Путин се капеше во ледена вода

Рускиот претседател Владимир Путин утрово се капеше во ледена вода по повод празникот Богојавление, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува руската државна новинска агенција Тасс. На прашањето дали 71-годишниот претседател се капел за Богојавление, Песков одговорил: „Да, тоа го направи за да го одбележи Богојавление според традицијата“. Православните верници ширум светот денеска го слават Христовото крштевање, еден …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Правото не познава предлози за министри, „празно место“ како што изјавува Ковачевски

„Меѓудругото токму поради ваквите евтини трикови и надмудрувања кои беа очекувани од СДС и Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ повика да се укине техничката влада, што Ковачевски истото го одби“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Димитар Ковачевски. „Со цел да се постапи државнички и одговорно ВМРО-ДПМНЕ прифати да учествува во техничката влада, без да го гласа техничкиот премиер Џафери од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ останува …

Continue Reading

Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен и напиша на камерата „Бог се јави“

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен победувајќи го Томас Мартин Ечевери со 3:0 во сетови. Воедно, ова е најубедливата победа на Новак на турнирот досега, која ја прослави на крајот. Дополнително, откако даде изјава на теренот, Новак се потпиша на камерата и остави моќна порака до сите православни верници. „Бог се јави“, напиша Новак …

Continue Reading

(Видео) Лидерот на Хутите: Бајден е старец кој едвај се качува по скали

Лидерот на јеменските Хути го исмејуваше Бајден во неговиот телевизиски говор. Сајед Абдул-Малик ал-Хути изјави дека Бајден е старец кој има проблеми да се качува по скалите на авион, но тој патува 9.000 километри за да ги нападне оние кои сакаа да застанат со угнетениот народ во Газа. Тој додаде дека Израел не успеал да постигне ниту една од своите …

Continue Reading

Приведен дилер во Скопје

Вчера во 10.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 24-годишниот К.А. од Скопје, извести МВР. При претрес во домот во кој престојува, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на …

Continue Reading

Зечевиќ од Охрид: Силата на духовното раѓање што го носи Водици и вербата во новата надеж нека бидат наша заедничка поткрепа да создадеме подобра иднина

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, и организацискиот секретар Митко Трајчулески денеска присуствуваа на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици заедно со граѓаните на Охрид. Зечевиќ им го честиташе празникот на сите православни христијани. „Ви го честитам големиот празник Богојавление – Водици и ви посакувам добро здравје, спокој и благосостојба. Силата на духовното раѓање што ја носи …

Continue Reading

20-годишник од Албанија уапсен на граничен премин, возилото кое го управувал било украдено

Вчера во 18.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода 20-годишниот M.E. од Република Албанија, извести МВР. „При извршена гранична проверка и контрола било констатирано дека возилото „ауди а8“ со англиски национални ознаки, кое го управувал, евидира во Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол како украдено“, соошшти МВР. Лицето и возилото биле предадени на …

Continue Reading

Во Богданци пронајдена стара неиспукана граната

Вчера во 12.00 часот во Полициската канцеларија Богданци било пријавено дека во двор на улицата „Кукушка“ во Богданци била пронајдена стара неиспукана граната, извести МВР. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Гевгелија ја подигнал гранатата и било констатирано дека се работи за артилериска граната со потекло од Втората светска војна, додаде МВР.

Continue Reading

„Ако ВМРО-ДПМНЕ реши да не гласа за техничката влада, тие места треба да останат празни“, рече Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека нема пример во светот каде политичка партија учествува во влада, а не ја поддржува. „Кога се учествува во Влада значи таа влада треба да се поддржи. Не постои пример во светот каде политичка партија учествува во Влада, а не ја поддржува. Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ согласно Закон исто како и другите политички партии кои се повикани …

Continue Reading