Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Евиа

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди грчкиот остров Евиа. Земјотресот се случил во 16:14 часот по локално време, на 23 километри источно-југоисточно од Кими на Евиа. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а сеизмички потреси биле почувствувани и во Атика, пренесува Катимерини.

Continue Reading

(Во живо) Јапонците се обидуваат да слетаат на Месечината

Јапонија денеска околу 16 часот започна со тежок „вселенски маневар“ и ќе се обиде за прв пат да слета на површината на Месечината. Досега во тоа успеале само четири земји: САД, Кина, поранешниот Советски Сојуз и Индија. Тоа е многу ризичен потфат.

Continue Reading

Мечка нападна група мигранти на планина во БиХ, тешко се повредени

Пред неколку дена мечка нападна група мигранти во близина на Бихаќ во БиХ. Порталот „Радиосараево.ба“ пишува дека нападот се случил на планината Пљешивица, која е дел од стандардната мигрантска рута кон Хрватска. Мечката тешко ги повредила мигрантите. Животното ги нападнало мигрантите во текот на ноќта, а единственото нешто што ги спасило бил мал нож што го имале со себе. Граничната …

Continue Reading

(Видео) Уште еден авион на Боинг принудно слета во Мајами: пламен изби од левото крило додека леташе

Товарниот авион „Боинг 747-8“ (БА.Н) на „Атлас Ер“ беше принуден итно да слета на меѓународниот аеродром во Мајами откако доживеа дефект на моторот веднаш по полетувањето. „Екипажот ги следеше сите стандардни процедури и безбедно се врати на аеродромот“, се вели во соопштението на „Атлас Ер“, додавајќи дека ќе изврши увид за да се утврдат причините за инцидентот, кој се случи …

Continue Reading

(Видео) Украинците објавија снимка, „Бредли“ лесно го уништува најсилниот руски тенк

Министерството за одбрана на Украина објави видео на кое се гледа, како што тврдат, како „Бредли“ уништува руски тенк Т-90. „Бредли“ е моќно оклопно возило од американско производство. САД ги испраќаа овие оклопни возила во Украина во неколку наврати за време на војната. Украинското Министерство за одбрана не соопшти каде се случил овој настан, но велат дека се работи за …

Continue Reading

ОН: Израелците ги злоставуваат палестинските затвореници во Газа, ги тепаат, им ги врзуваат очите…

Официјален претставник на ОН за човекови права го обвини Израел за злоупотреба на палестински затвореници во Појасот Газа, велејќи дека се сретнал со луѓе кои му рекле дека се држени со недели, тепани и со врзани очи. Аџит Сунгај, претставник на ОН за човекови права во Појасот Газа, им рече на новинарите дека не се знае точно колку Палестинци притворил …

Continue Reading

„Власта ги краде граѓаните преку сметките за струја“, вели Европски сојуз за промена

„Нова година, ново крадење на граѓаните од криминализираната власт во заминување, овој пат и преку сметки за струја. Во моменти кога граѓаните се на работ на егзистенција, а сиромаштијата се зголемува, корумпираната Влада уште повеќе ги удира со драстично поскапување на струјата“, рече Фари Хисени од Европски сојуз за промена. „Тоа најдобро ќе го докажат сметките што се очекува да …

Continue Reading

Водици во општина Кисела Вода: Светиот крст го фати Давид Мелоски

Празникот Водици беше најсреќен за 21-годишниот Давид Мелоски од Црниче кој денеска, меѓу педесетина други верници, успеа да го фати Богојавленскиот крст од осветените води на базенот „Расадник”. -Многу сум среќен и очекувам здравје, среќа и бериќет оваа година, не само за мене, туку за сите-изјави најсреќниот Мелоски кој првпат решил да учествува на манифестацијата за положување на Светиот крст. …

Continue Reading

(Видео) Ковачевски за Водици: Празникот да ни биде поттик за духовно прочистување и инспирација за добри дела

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици, во Скопје. По церемонијата на осветувањето на водите на реката Вардар и фрлањето на светиот крст, премиерот Ковачевски на присутните граѓани им го честиташе денешниот празник и му честиташе и на граѓанинот …

Continue Reading