Африканскиот куп на нации го доби најстариот хет-трик стрелец во историјата

Фудбалската репрезентација на Екваторијална Гвинеја победи во Абиџан против Гвинеја-Бисао со 4:2, во натпреварот од второто коло од групата А на Африканскиот куп на нации. Во 21. минута стрелец за Екваторијална Гвинеја беше Емилио Нсуе, а неговиот соиграч Естебан Ороско израмни со автогол во 37. минута. Хозете Миранда и донесе нова предност на Екваторијална Гвинеја во 46. минута, а потоа …

Continue Reading

Уапсени сите осомничени за упадот во М-НАВ, извести Обвинителството

Во врска со предметот за случувањата во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје извести дека до овој момент лишени од слобода се сите осум лица опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка за кривично дело – Загрозување на воздушниот сообраќај. Освен петте лица за кои претходно информираше Обвинителството, беше поднесен предлог за определување мерка притвор за уште три лица. За двајца …

Continue Reading

Јапонија утре ќе се обиде да слета на Месечината: „Не чекаат 20 минути ужас“

Јапонија утре околу 16 часот ќе се обиде да изврши тежок вселенски маневар и да слета на површината на Месечината за прв пат. Досега во тоа успеале само четири земји: САД, Кина, поранешниот Советски Сојуз и Индија. Тоа е многу ризичен потфат. Во август минатата година, Индија стана четвртата земја која успешно изврши меко или контролирано слетување на Месечината, откако …

Continue Reading

НАТО мобилизира 90.000 војници, ќе вежбаат сценарија во случај на руски напад

НАТО има намера да мобилизира 90.000 војници за најголемите воени вежби на Алијансата од крајот на Студената војна со цел да ја одврати руската агресија, пишува денеска германската агенција дпа. Според информациите што денеска ги доби дпа, сценариото за вежбата „Steadfast Defender“, која треба да започне во Европа во февруари, е руски напад на сојузничка територија што би го активирал …

Continue Reading

Тетовец извадил 80.000 денари од фирмата во која не работел повеќе, поднесена кривична против него

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 31-годишниот М.Б. од Тетово поради постоење основи на сомнение за за сторени кривични дела „затајување“, „послужување“ и „измама“, извести МВР. „Во текот на декември 2023, и покрај тоа што знаел дека договорот за работа со правно лице од Битола му е истечен на 30.11.2023 и немал право за користење на банкарската картичка во сопственост …

Continue Reading

30-дневен притвор за осомничен за настаните во М-НАВ

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје против решение на судија на претходна постапка со кое на 12.01.2024 година на Љ.Ќ. за кој постои основано сомнение дека учествувал во настаните во М-НАВ, му определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка за претпазливост – Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, …

Continue Reading

„Пецаков да каже како ги купи советниците од СДС и ДУИ“, велат од Левица

„Додека градоначалникот Пецаков лаже и манипулира во јавноста дека Левица е во некаква коалиција во Советот, веќе две години тој го прави мнозинството во Советот на општина Охрид со советникот од ДУИ и со одметнатите советници од коалицијата на СДС“, велат од Левица. „Додека од ДПМНЕ секој ден говорат дека ДУИ мора да се прати во опозиција, нивните градоначалници токму …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Колку што присуството на Зечевиќ на новата СДС на Данела е политичка култура, толку и присуството на Ковачевски во МНТ на настан на ВМРО-ДПМНЕ е политичка култура

„Колку што присуството на Зечевиќ на новата СДС на Данела е политичка култура, толку и присуството на Ковачевски во МНТ на настан на ВМРО-ДПМНЕ е политичка култура“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Славјанка Петровска. „Тајната коалиција на СДС и Данела конечно стана јавна, Зечевиќ и купи партија на Арсовска и гордо во прв ред се радуваше на својот не толку …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска: Со Сојузот на борците продолжуваме да го чуваме делото на храбрите визионери на кои им ја должиме слободата

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска учествуваше на трибината по повод јубилејот 80 години од ослободувањето на градовите во државата на која рече дека, почитта кон хероите од НОВ и НОБ во нас ја буди вербата во идеалите, ни дава храброст и мудрост да продолжиме во градењето и обликувањето на визијата за слободна и демократска татковина. -Како внука на носител …

Continue Reading