(Видео) 21-годишник загина кога со 230 на час удри во патарина во Хрватска

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа во средата наутро кога со автомобил удрил во наплатна рампа кај Запрешиќ на автопатот А2, извести загрепската полиција. Неофицијално се дознава дека се работи за 21-годишен млад човек, кој со брзина од 230 км/ч удрил во бетонска барикада. На местото на несреќата нема траги од кочење. Полициската истрага е завршена, јавува ХРТ. Несреќата …

Continue Reading

Пленковиќ: Европа мора да ги зајакне своите одбранбени капацитети, тоа сите го сфативме

Европската Унија мора да ги зајакне своите одбранбени капацитети, а нејзините членки го сфатија тоа, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на Светскиот економски форум во Давос. Премиерот зборуваше на панелот „Бранење на европскиот обединет фронт“ на кој присуствуваа полскиот претседател Анджеј Дуда, шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, унгарската претседателка Каталин Новак и претставничката на белоруската опозиција Светлана Тихановска. „Европската …

Continue Reading

„Сестра ми работи во М-НАВ од пред 15 години, немам улога во тоа“, рече Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи кажа дека неговата сестра работи во М-НАВ од пред 15 години, а за критериумите по кои работи тој им одговори на новинарите да ги прашаат во М-НАВ. „Јас немам никаква улога во тоа, тоа е 12 години пред јас да станам министер за надворешни работи. Оваа тема е искористена на секои избори во последните …

Continue Reading

Иранската добитничка на Нобеловата награда за мир Мохамади осудена на уште 15 месеци затвор

Иранскиот суд ја осуди добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, на нови 15 месеци затвор. Мохамади веќе отслужува повеќекратни казни од околу 12 години затвор, јавува „Би-Би-Си“. Таа беше обвинета за ширење пропаганда против Исламската Република додека беше во затвор. Нејзиното семејство ја критикуваше пресудата, истакнувајќи дека тоа е петта осуда против Мохамади од март 2021 година. Таа …

Continue Reading

Османи- Хасани: Северна Македонија и Албанија се подготвени да ги отворат кластерите и поглавјата и тоа не треба да се одолговлекува

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, кој е на прва официјална посета на земјава по стапувањето на функцијата. Во фокусот на средбата беа билатералните односи, актуелните политички состојби во регионот, НАТО сојузништвото, како и европските перспективи на двете земји на што беше даден посебен осврт. „Двете …

Continue Reading

Не ја демонизирајте интеграцијата на Албанците, не мора конзулите да имаат високо дипломатско звање, рече Османи

Вчера синдикатот на вработени во дипломатска служба излезе со обвинувања дека се крши законот со упатување на конзулот во Њујорк, обвини за непрофесионализам. „Обично не го коментирам синдикатот, туку го поттикнувам на синдикатски активизам во одбрана на правата на вработените, но многу сум осетлив кога во тоа гледам елементи на етничка дискриминација, која што, како се приближуваат изборите добива вознемирувачки …

Continue Reading

„Епл“ го престигна „Самсунг“, стана најголемиот светски производител на телефони

Според податоците на Меѓународната корпорација за податоци (ИДЦ), секој петти продаден мобилен телефон минатата година бил бренд на „Епл“. За првпат досега, „Епл“ го зазеде првото место по бројот на продадени мобилни уреди, јавува „Би-Би-Си“. Тоа место дванаесет години му припаѓаше на „Самсунг“. „Епл“ продаде над 234 милиони мобилни телефони минатата година, и покрај зголемените регулаторни предизвици и зголемената конкуренција …

Continue Reading

Phillip Morris International меѓу највлијателните и најиновативни компании во светот според CEOWORLD

Компанијата Phillip Morris International се најде на листата на највлијателни и најиновативни компании на глобално ниво, според рангирањето на угледното списание CEOWORLD. Списанието CEOWORLD годишно ја рангира корпоративната репутација врз основа на анкетирање на приближно 620.000 раководители, директори, деловни лидери, приватни инвеститори, инвестициски банкари и финансиски аналитичари ширум светот. Рангирањето има за цел да ги идентификува највлијателните и најиновативните компании …

Continue Reading

Ел Насионал: Менаџерот му понудил на Мурињо да го наследи Чави

Најпознатиот фудбалски менаџер, Жорге Мендеш му понудил на Жозе Мурињо (60) да го наследи Чави Ернандез (43) и да стане нов тренер на Барселона, тврди „Ел Национал“. Во вторникот Мурињо доби отказ од Рома, која ја водеше две и пол години и со која ја освои Конференциската лига. Оваа идеја Мендеш му ја предложил на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, …

Continue Reading