Иранската добитничка на Нобеловата награда за мир Мохамади осудена на уште 15 месеци затвор

Иранската-добитничка-на-Нобеловата-награда-за-мир-Мохамади-осудена-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Иранскиот суд ја осуди добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, на нови 15 месеци затвор.

Мохамади веќе отслужува повеќекратни казни од околу 12 години затвор, јавува „Би-Би-Си“.

Таа беше обвинета за ширење пропаганда против Исламската Република додека беше во затвор.

Нејзиното семејство ја критикуваше пресудата, истакнувајќи дека тоа е петта осуда против Мохамади од март 2021 година.

Таа не беше присутна на последното судење и пресудата беше донесена во нејзино отсуство.

Наргес Мохамади со децении водеше кампања за човекови права во Иран, а веќе две децении е повремено во затвор поради нејзиниот активизам.

Била апсена 13 пати.

Покрај дополнителните месеци затвор, новата казна предвидува Мохамади да помине две години во егзил надвор од Техеран. Тоа значи дека таа ќе мора да биде префрлена од озлогласениот затвор Евин, каде што моментално се наоѓа.

Во пресудата е наведено и дека по издржувањето на казната ќе и биде изречена забрана за патување во странство во траење од две години и забрана за членство во политички и општествени групи, како и дека нема да може да користи мобилен телефон во тоа време, пишува Би-би-си.

Мохамади (51) ја доби Нобеловата награда за мир во 2023 година за нејзината работа во борбата против угнетувањето на жените во Иран.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK