(Видео) Циркус од тајм-аут, селекторот Шола се збуни кога му стана јасно дека нема двајца пивоти

Црна Гора со пораз го започна настапот на 16. Европско првенство во ракомет. Црногоците, во Ц групата, запишаа пораз од Унгарија 24:26. Интересен и неизвесен меч одиграа овие две репрезентации, при резултат 24:25, црногорскиот селектор Владо Шола побара минута одмор за да го организира последниот напад на својот тим. Прашање е како се ќе завршеше доколу поранешниот голман на Хрватска, …

Continue Reading

Василичарскиот оган во населбата Даме Груев во општина Ѓорче Петров

Иницијативниот одбор за организирање Василичарски оган уптаува јавна покана до сите граѓани и верници да присуствуваат на традиционалното плаење на Василичарскиот оган во населбата Даме Груев во општина Ѓорче Петров. Ова е традиција која опстојува децении наназад. Манифестацијата започнува во 18:00 часот пред просториите на месната заедница Даме Груев. Се врти лепче со париче и на тој начин се одредува …

Continue Reading

(Фото) Врие полиција пред Народна банка, неофицијално има дојава за бомба

Силно полициско обезбедување пред зградата на Народната банка во Скопје. Засега од Министерството за внатрешни работи не откриваат која е причината. Според неофицијалните информации, станува збор за дојава за бомба. Движењето на пешаците засега се одвива нормално. Повеќе детали наскоро.

Continue Reading

(Видео) Палмер од пенал обезбеди три поени за Челси

Foto/ EPA Фудбалерите на Челзи славеа против Фулам (1:0), во лондонската пресметка во рамките на 21. коло од Премиер лигата. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Кол Палмер од пенал во четвртата минута од судиското надополнување на првото полувреме. Во вториот дел „сините“ два пати ја погодина стативата, во 53. минута, кога Рахим Стерлинг и во 83.минута Конор Галагер. …

Continue Reading

„Чест ми е да кажам, ова е прва официјална посета на министер за внатрешни на САД“ му рече амабасадорот Попов на Спасовски

Во Македонската амбасада во Вашингтон денеска беше организиран прием по повод работниот престој на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а на барање на министерот Спасовски упатено до амбасадорот Зоран Попов, да се сретне со македонската дијаспора која живее во САД. Спасовски во своето обраќање пред присутните сонародници го истакна значењето на оваа посета за јакнењето на врските помеѓу двете …

Continue Reading

Мицкоски: Во понеделник ќе поднесеме претставка до Уставен суд за ставање вон сила на законот за патни исправи

„Последните информации кои што ги добивам, а еве го повикувам и МВР и надлежните да се произнесат и дека се издадени милион и 200 илјади патни исправи до овој момент. И остануваат некаде околу милион и 300 илјади бидејќи вкупно се изддадени 2.5 милиони патни исправи кои што треба да се заменат. Од тие милион и 300 илјади кои што …

Continue Reading

(Видео) Кражба во Белград ги шокираше граѓаните: среде бел ден, маж ја грабна кутијата со пари за хуманитарна помош

Срамна кражба на кутија за донации од киоск во близина на храмот Свети Сава во Белград. Непознат маж пришол, а потоа пред работникот ја одзел кутијата однадвор и побегнал. Според serbialive_beograd, парите од кутијата биле наменети за помош на Црковната кујна на Верскиот добротворен фонд на СПЦ и за помош на загрозените семејства. View this post on Instagram A post …

Continue Reading

Авион со 59 патници полетал, па се вратил на аеродромот оти пукнал прозорецот во пилотската кабина

Авионот „Боинг 737-800“ на јапонската компанија „Ол Нипон Ервејс“ се вратил на аеродромот од кој полетал откако за време на летот се појавила пукнатина на прозорецот на пилотската кабина, соопшти денеска компанијата. Авионот бил на пат кон аеродромот во градот Тојама, но се вратил на аеродромот Њу Читозе во градот Сапоро на островот Хокаидо откако била откриена пукнатина на надворешниот …

Continue Reading

(Видео) Масовен протест во Лондон, демонстрант се облече како Нетанјаху со „крвави раце“

Во Лондон пред малку започна масовен протест за поддршка на Палестинците и со повик за прекин на огнот. Демонстрантите се собираат во финансискиот кварт на градот, а многумина носат знамиња и транспаренти. Еден демонстрант носи маска на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Рацете му се попрскани со црвена боја, која исто така е намачкана на куклата што ја држи. Thousands already …

Continue Reading