Син малтретирал татко и му се заканувал

Вчера во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Н.(29) од неготинско село, по пријава од неговиот 51-татко. Според пријавеното, тој во семејната куќа физички го малтретирал и му се заканувал. М.Н. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Од 7 октомври, 23.469 Палестинци се убиени во напади врз Газа, а скоро 60.000 се повредени

Најмалку 23.469 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти денеска Министерството за здравство на Хамас. Се додава дека се повредени уште 59.604 лица, пренесува Ројтерс. Хамас истакнува дека мнозинството од убиените се жени и деца.

Continue Reading

(Видео) „Четири земји би можеле да бидат во опасност ако Украина падне“, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека четири земји би можеле да бидат во опасност доколку Украина падне. Во видеото што го објави советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, Зеленски вели дека четирите балтички земји би можеле да бидат следната цел на рускиот претседател Владимир Путин. „Литванија, Летонија, Естонија, Молдавија можат да бидат следни. И тоа е …

Continue Reading

Персонализирана терапија за пациенти со канцер, кај нас и искуства од Хрватска

Персонализираната медицина и таргетираната терапија го направија најголемиот скок досега во третманот на пациенти со канцер. Врз основа на геномско тестирање и прецизно детектирање на мутации кои довеле до појава на канцер, се одредува терапија која што е точно и прецизно наменета за специфичната болест на секој пациент со канцер одделно. Ваквиот пристап дава најдобра шанса за излекување или значително …

Continue Reading

Донација на ОКТА за топол дом на младинците од СОС Детско село

Скопје, 11.01.2024 – Со донацијата на 6.000 литри екстра лесно масло за греење, компанијата ОКТА по втор пат го обезбеди вкупното годишно количество гориво потребно за затоплување на една од куќите на СОС Детско село, во која живеат младинци без родителска грижа. „Ни претставува особено задоволство што втора година по ред имаме можност да помогнеме во обезбедувањето топол дом за …

Continue Reading

Во 2024 година, светот нека ви светка

Откако веќе зачекоривме во Новата година, многумина од нас се навраќаат на минатите настани, но размислуваат и за идните можности кои не очекуваат. Една вообичаена тема која често се појавува во овој период е стремежот за нови искуства и личен раст, а има ли подобар начин да ги исполниме овие желби од оној преку возбудливо искуство со патување и запознавање …

Continue Reading

(Видео) Уапсен демначот на Шакира: „Таа е моја сопруга“

Осомничениот демнач кој тврди дека Шакира е „неговата сопруга“ беше уапсен пред нејзиниот дом во Мајами, откако наводно и испратил подароци, вклучувајќи вино, чоколади и играчки. Даниел Џон Валтиер беше приведен во понеделникот и обвинет за следење, според извештајот за апсење. Според „Дејли Мејл“, 56-годишникот од Ел Пасо, Тексас, наводно споделил повеќе објави на социјалните мрежи за Шакира, кои нејзиниот …

Continue Reading

Двегодишното девојче имало скршен череп, ребра и крварење во мозокот – се бара притвор за таткото кој го натепал до смрт

Обвинителството бара притвор за таткото на 2-годишното девојче од Кичево кое загина откако било натепано. Обвинителството објави дека за таткото е донесена наредба за спрoведување истражна постапка за убиство. „Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди …

Continue Reading

(Видео) Петровска ги потпиша договорите со првата генерација стипендисти на Министерството за одбрана

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и студентите кои што беа примени на Конкурсот за стипендирање на студенти за потребите на Армијата дефинирани како критични специјалности, денеска во Министерството за одбрана потпишаа договори за стипендирање. „Веруваме во младите луѓе кои се мотивирани и можат да бидат додадена вредност за одбраната и за Армијата. Ги мотивираме и им отвараме нови можности за …

Continue Reading