Хаос во Аеродром: предизвикал сообраќајка, па тешко натепал жена – „Ќе те фрлам во Вардар“, и’ велел додека ја клоцал
Обвинителството почна истражна постапка против лицето кое предизвика сообраќајка во Аеродром и нападна жена. Од Обвинителството информираа дека осомничениот е 65-годишник. Тој на 27 декември, на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје предизвикал значителна опасност за двајца оштетени – мајка и син, а извршил и грубо насилство кон оштетената жена, нанесувајќи и тешки телесни повреди. „Додека оштетените со своето возило се …
Continue Reading
Скопјани со автомобил излетаа од патот кај Охрид, жена е тешко повредена
Вчера на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Врбјани, „опел“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.А.(59) од Скопје излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се сопатничката од возилото В.А.(58) од Скопје, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.
Continue Reading
Вевчанскиот карневал доби 29 илјади евра од Култура, градоначалникот повика на забава: Има хумор и сатира, но никого не сакаме да навредиме
Карневалот во Вевчани доби 1,8 милион денари или нешто повеќе од 29 илјади евра поддршка од Министерството за култура со што министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска ја исправи минатогодишната грешка кога фестивалот не доби пари од државата, а таа се најде во фокусот на вевчанци кои се натпреваруваа кој покреативно ќе ја исмее нејзината одлука. Министерката и градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски …
Continue Reading
Пациентите со цистична фиброза етапно се вклучуваат на терапија со „трикафта“
Министерството за здравство информира дека пациентите со цистична фиброза почнуваат да го примаат лекот „трикафта“. „Покрај 12-те пациенти кои веќе се на терапија со „Kaftrio“ во комбинација со „Kalydeco“, овие денови со терапија се вклучуваат и нови пациенти. Во петокот, на 29-ти декември две нови пациентки примија „трикафта“, денеска се вклучуваат уште двајца, а во петок се очекува лекот да …
Continue Reading
Маж ја проституирал својата сопруга додека била бремена во седмиот месец – ужасната вест го потресе регионот
Поради тоа што ја принудил сопругата, која била во седмиот месец од бременоста, на сексуални односи со непознати мажи, Вишиот кривичен суд во Загреб одлучил 39-годишниот маж од Риека да мора да помине седум и пол години зад решетки во еден од хрватските казнено-поправните установи. Обвиненителството го товареше за кривично дело против сексуалната слобода на сметка на неговата 33-годишна сопруга, …
Continue Reading
Папата Франциско ја опиша војната како „лудило“
Папата Франциско ја опиша војната како „лудило“ и го повтори својот апел за мир во Украина и Газа и другите области во светот погодени од конфликти. „Да не заборавиме на народите кои војуваат. Војната е лудост, војната е секогаш пораз, рече Папата за време на генералната аудиенција во Ватикан“, пренесува италијанската новинска агенција „АНСА“. Тој ги повика верниците да се …
Continue Reading
Советник од Карпош: ДПМНЕ и Левица ги блокираат платите на вработените во градинките, училишта и администрацијата во Карпош
Поради блокадите на ДПМНЕ и Левица загрозена е работата на градинките, училиштата и администрацијата на општина Карпош, изјави советникот од редовите на СДСМ во оваа општина, Владимир Бислимовски. На последната седница на Советот на општина Карпош, вели тој, ДПМНЕ и Левица не само што го блокираа донесувањето на Буџетот туку ја блокираа и одлуката за времено финансирање. Со ова вработените градинките, …
Continue Reading
Лекарите започнаа шестдневен штрајк во Велика Британија
Десетици илјади прегледи и операции низ Англија и Велс, кои требаше да ги спроведат помлади лекари, ќе бидат откажани. Неколку илјади лекари денеска почнаа штрајк во Велика Британија, кој треба да трае до 9 јануари. Шестдневниот штрајк би бил најдолгиот во историјата на британското здравство. Извршниот директор на Националната здравствена служба, Џулијан Хартли, рече дека штрајкот започна во еден од …
Continue Reading
Со автомобил удрена жена во Пробиштип
Вчера на улицата Миро Барага во Пробиштип, автомобил „даеву тико“ со штипски регистарски ознаки, управуван од С.П.(46) од селото Стрмош, пробиштипско, удрило во Л.К.(61) од Пробиштип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.К. констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.
Continue Reading