Повеќе од 22.000 напади во Газа од почетокот на војната

Израелските одбранбени сили соопштија дека извршиле над 22.000 напади во Газа од избувнувањето на нивната војна против Хамас на 7 октомври. Енклавата беше под речиси постојано бомбардирање, при што Израел тврди дека напаѓал само воени цели. Министерството за здравство предводено од Хамас во Газа вели дека околу 18.000 Палестинци се убиени од почетокот на војната, а Израел тврди дека овие …

Continue Reading

Ковачевски: Кандидатот за претседател на државата ќе биде од СДСМ, а не од ДУИ

Ковачевски пристигна во штабот на СДСМ каде во 19 часот ќе се одржи состанок на извршниот одбор и рече дека денеска ќе биде потврдена неговата одлука – координаторот на пратеничката група, Митревски, да седне во фотелјата на Талат Џафери. На прашањето дали би поддржал претседател Албанец од ДУИ, како што вчера најави Османи, премиерот рече дека нема никаква дилема оти …

Continue Reading

Захарова: Ако Србија влезе во ЕУ, ќе мора да се бори за националниот идентитет

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова рече дека Србија ќе мора да се бори за својот национален идентитет, доколку стане членка на Европската унија, бидејќи во ЕУ примаат исклучиво врз основа на генетски модифицирана национална свест. Таа реагираше по повод интервјуто на српскиот вицепремиер, министер за одбрана и лидер на СНС, Милош Вучевиќ за весникот „Политика“, …

Continue Reading

ОН ја повика Бугарија да ги гарантира правата на македонската етничка заедница

Комитетот за елиминација на расна дискриминација при Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во извештајот за Бугарија препорачува таа да ги разгледа сите можни средства за гарантирање на човековите права на припадниците на малцинските етнички заедници, вклучувајќи ги Македонската и Помачката, и да ги имплементира релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права што се однесуваат на правото на …

Continue Reading

Полицијата разби лихварска група: пет години изнудувала пари од граѓани на кои им требала позајмица – трпеле закани и кога ќе гo врателе долгот

Група од четворица кумановци и еден штипјанец со години се занимавала со лихварство, изнуда на парите што незаконски ги позајмувале и закани кон оштетените дури и кога ќе ги врателе парите. СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(34) од Куманово, М.К.(24) од Куманово, Д.Н.(34) од Штип, Д.Т.(27) од Куманово, С.М.(51) од Куманово и С.Ѓ. од Куманово, поради постоење на основи …

Continue Reading

Победа на Вардар за крај на есенскиот дел

Бранителот на шампионската титула Струга замина на зимската пауза првопласирана на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево триумфираше над Брегалница во еден од петте натпревари со кои се комплетираше 18. коло. Со трите бодови освоени на домашниот терен со гол постигнат во судиското продолжение, фудбалерите на Струга ја задржаа предноста пред второпласираниот Шкупи, кој забележа гостинска победа …

Continue Reading

Душан Миљуш од “Јутарњи лист”: Не контакриравме лично со градоначалникот туку со неговиот кабинет, пред директорката бришевме фотографии

По реакциите во јавноста за посетата на „Јутарњи лист“ во училиштето каде учеше Вања, „Макфакс“ побара одговори од редакцијата на хрватскиот медиум. Поставивме неколку прашања за да нѝ раскажат се случувало во Песталоци. Одговор добивме од авторот на самиот текст, Душан Миљуш, кој бил во Скопје. Неговиот одговор ви го пренесуваме во целост: „Дента пред да тргнеме за Скопје, 6 …

Continue Reading

Нетанјаху изрази загриженост за „анти-израелската позиција“ на Русија

Израелскиот лидер денеска разговараше со Владимир Путин и го изрази своето незадоволство поради „анти-израелската позиција“ заземена од претставниците на Москва во ОН. Во израелската изјава се вели дека г-дин Нетанјаху, исто така, изразил „огромно негодување“ за „опасната“ соработка на Русија со Иран. Во петокот Русија ја поддржа резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за примирје во Газа. По американското …

Continue Reading

Обдукцискиот наод за Вања се уште не е изготвен и доставен до обвинителството

Обдукцискиот наод за 14 годишната Вања Ѓорчевска се уште не е изготвен и доставен до обвинителството, велат оттаму. Од обвинителството додаваат дека се во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Повеќе детали за анализите и проверките кои се прават не се соопштуваат во интерес на истрагата. –Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во …

Continue Reading