Нов силен земјотрес во Непал: се тресеше со јачина од пет степени
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Непал, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EМСЦ). Во соопштението се наведува дека земјотресот бил на длабочина од 35 километри, пренесува „Ројтерс“. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета. Новиот потрес се случи откако повеќе од 150 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 5,6 степени во петокот.
Continue Reading
Се иселија од Македонија родителите на петгодишната Јана од Битола која почина со 19 единици шеќер во крвта
Родителите на петгодишната Јана Христовска од Битола која почина во битолската болница откога прими инфузија, се иселија од Македонија. Кумот на Јана, Игор Петковски за „Макфакс“ вели дека заминале оти целосно ја изгубиле вербата во нашите институции. „Стравуваа како ќе појдат со синот на лекар ако не дај Боже затреба. Ставија шест месеци на Јана, се спакуваа и тројцата заминаа …
Continue Reading
ОН: Во Газа на секои 10 минути умира по едно дете
Во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во просек на секои 10 минути се убива по едно дете, а две деца се повредени, соопшти денеска канцеларијата на ОН во Женева, повикувајќи се на податоците на Палестинската агенција за бегалци (УНРВА). „Децата не смеат да бидат цел“, се истакнува во објавата на ОН на „Икс“. ОН вчера објавија дека речиси 4.000 …
Continue Reading
Битиќи на работен состанок со делегацијата на германското стопанство: Усогласувањето со европската регулатива ќе создаде додадена вредност за економијата
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска одржа работен состанок со претставници на делегацијата на германското стопанство (АХК) во земјата, на кој се зборуваше за повеќе теми и прашања, а кои се поврзани со унапредувањето на деловното работење на германските компании. На состанокот се зборуваше за потребата за хармонизација на царинската регулатива со …
Continue Reading
Таткото кој мислеше дека ќерка му е убиена во нападот на Хамас сега добил информација дека можеби е се’ уште жива
Таткото од Ирска, на кого претходно му беше кажано дека неговата ќерка е убиена во напад на Хамас во Израел, сега слушнал дека можеби е сè уште жива. На Том Хенд од Даблин првично му беше кажано дека неговата ќерка Емили е меѓу убиените во нападот на Хамас врз Кибуц Бери на 7 октомври. Ирската амбасада во Израел потврди за …
Continue Reading
АД ЕСМ додели стипендии на 11 студенти од Техничкиот факултет Битола
АД ЕСМ додели стипендии на 11 студенти од Техничкиот факултет Битола, во износ од 80.000 денари годишно и се доделуваат за 10 месеци односно во текот на целата академска година. Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, а стипендиите се продолжуваат еднаш годишно врз основ на исполнување на утврдени критериуми пропишани во договорите за стипендирање што, …
Continue Reading
Демократски сојуз: Жестока осуда на величењето на Голема Албанија во Сопот и на фудбалскиот натпревар Шкупи – Вардар
Демократскиот сојуз жестоко ги осудува вчерашните изливи на великоалбански шовинизам и величење на Голема Албанија при отворањето на т.н. Меморијален центар – музеј на УЧК во кумановското село Сопот, како и на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Шкупи и Вардар во скопски Чаир. „Прикажувањето карти на Голема Албанија во музејот на УЧК во Сопот, кој го отвори лидерот на ДУИ …
Continue Reading
Дончиќ: Јокиќ е веројатно најдобриот во светот
Словенецот Лука Дончиќ смета дека Никола Јокиќ е најдобриот играч на светот во моментов. Двајцата беа главни актери на мечот меѓу Денвер и Далас кој му припадна на Нагетс (125:114), а Дончиќ по мечот го пофали српскиот центар, истакнувајќи дека сите во НБА биле свесни за неговата генијалност. „Мислам дека сите знаеја за него пред МВП наградите и финалето на …
Continue Reading
Посетата на Лавров предизвик за Скопје; Воздушниот простор e затворен за руски авиони, појаснува Османи
Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи информираше дека министерскиот годишен собир на ОБСЕ од 29 ноември до 1 декември во Скопје ќе биде најголем настан во државата, и по димензии и по суштина. Според најавата на Османи, ќе учествуваат 76 делегации од земји членки и партнери на ОБСЕ. Се очекуваат 1000 гости во делегациите, додаде првиот човек во дипломатијата …
Continue Reading