Уште десет камиони со помош пристигнaa во Газа

Палестинската Црвена полумесечина (PRCS) соопшти дека примила уште 10 камиони со хуманитарна помош од египетската Црвена полумесечина преку преминот Рафах, кои содржат храна и медицински материјали. Бројот на камиони кои пристигнаа во Појасот Газа достигна 94, соопшти организацијата, додавајќи дека ниту еден не превезува гориво.

Continue Reading

Филип Недев освои прво место во кати за деца на европскиот шампионат во традиционални карате во Ново Место, Словенија

Македонските каратисти освоија 1 златен и 2 бронзени медали на европскиот шампионат во традиционално карате кој од 27-30 октомври 2023 година се одржа во Ново Место, Словенија. Најуспешен беше Филип Недев кој освои златен медал во кати за деца 8-9 години, а бронзени медали освоија Матеј Мангаровски во кадети и Максим Поп Трпев во кати за деца од 6-7 години. …

Continue Reading

Групата Ал Кудс соопшти дека ги нападнала израелските сили

Бригадите Ал Кудс ги гранатираа израелските воени сили на истокот на Рафа со минофрлачки гранати, се вели во соопштението на групата на апликацијата за пораки Телеграм, пренесуваат медиумите. Групата исто така соопшти дека со ракети ја гранатирала населбата Нетив Ха’Асара.

Continue Reading

Што знаеме за смртта на Метју Пери? – сублимат на последните информации

Актерот од „Пријатели“ Метју Пери почина на 54-годишна возраст. Еве што знаеме за околностите досега: – Повикот на 911 беше примен од полицијата во Лос Анџелес во 16.07 часот по локално време; – Инцидентот во домот на ѕвездата беше третиран како давење во вода, изјави полициски извор; – Според The LA Times и TMZ, Пери починал во џакузи; – Немал …

Continue Reading

Заканите за евакуација на болница се длабоко загрижувачки, вели шефот на СЗО

Претходно денеска, палестинската Црвена полумесечина соопшти дека добила израелска наредба за евакуација на болницата Ал Кудс, тврдејќи дека тогаш ќе биде бомбардирана. Сега генералниот директор на Светската здравствена организација ги нарече извештаите за „закани од евакуација“ во болницата Ал Кудс „длабоко загрижувачки“. „Повторуваме – невозможно е да се евакуираат болниците полни со пациенти без да се загрозат нивните животи“, рече …

Continue Reading

Спасен и таткото на фудбалерот на Ливерпул – киднаперите убиени?

Заврши драмата на фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз. Медиумите во Колумбија објавија дека, полицијата успеала да го спаси неговиот татко. За потсетување, таткото и мајката на Дијаз беа киднапирани во саботата попладне во близина на нивниот дом, во Баранкас. Намерата на киднаперите била да ги префрлат в Венецуела. Киднаперите, инаку, под закана со пиштол ги принудиле да влезат во возилото, …

Continue Reading

Мартин победи во Тајланд – Следува трилер завршница во Мото ГП

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, славеше на Големата награда на Тајланд, 17-та трка од сезоната во Мото ГП шампионатот. Мартин забележа двоен триумф во Бурирам, бидејќи претходно славеше во спринтот, а воедно ја оствари и четвртата победа сезонава. Исто така, Шпанецот испиша нови страници од историјата за Дукати бидејќи италијанскиот тим сега има триумфи на секоја патека од календарот. …

Continue Reading

ЦУК: Изгаснати шест пожари на отворен простор

Во текот на вчерашниот ден активни биле шест пожари на отворен простор и сите се изгаснати. Гореле сува трева и ниска вегетација, шума, отпадоци и слично, а најголема површина изгорела во Општина Богданци, каде што пожарникарите гаснеле два пожара, кај селото Стојаково и кај село Ѓавато, информираат од Центарот за управување со кризи. – Конкретно, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица …

Continue Reading

Шекеринска и Спасовски: Жените подобро се справуваат со предизвиците

Потпретседателката на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вчера учествуваа на панел дискусијата „Влијанието на анти-родовото движење на агендата на жените, мирот и безбедноста“ во рамки на регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство во Скопје. Во своето излагање, Шекеринска потенцираше дека жените, мирот и безбедноста се многу поврзани со реалниот живот и …

Continue Reading