Пешевска: На оваа власт човечкиот капитал не и е во фокус, демографскиот аларм е вклучен

Не случајно денеска сме во Пехчево, тоа е еден од првите градови со најголем јаз, најголемо иселување, околу 30% се имаат иселено, демографскиот аларм одамна е вклучен. Бројките се немилосрдни. Не само што се намалува вкупното население за околу 200 илјади за 20 години, фрапантен е податокот дека имаме намалување на возрасната категорија од 15 до 64 години, а тоа …

Continue Reading

Трипуновски: Заради неспособноста на СДС, ИПАРД 3 стартува во септември 2023, наместо во март 2022

На прес конференцијата на пратеничката од СДСМ Лолита Ристова за ИПАРД 3 програмата, реагираше Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ. Неколку вистини од кои СДС бега, а е главниот виновник за катастрофалната состојба во македонското земјоделство! 1. Вистината е дека земјоделството е една од најзначајните македонски гранки, НО неспособната СДС со своите политики успешно …

Continue Reading

(Видео) Ристова: Силна поддршка за земјоделството и стопанството, 98% искористеност на ИПАРД средствата од ЕУ

Земјоделство е една од најзначајните македонски гранки, кои СДСМ во изминатите години успешно ги развива со силна поддршка и реални политики во интерес на земјоделците, рече на денешната прес конференција пратеничката од СДСМ Лолита Ристова. – Дополнително обезбедивме и силна поддршка за земјоделците преку европските програми, за инвестиции во опрема, машини и уреди за преработка. Со ваков пристап, станавме лидери …

Continue Reading

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони. „Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на …

Continue Reading

Бол и Ингебригстен најдобри европски атлетичари во 2023

Холанѓанката Фемке Бол и Норвежанецот Јакоб Ингебригстен ги освоија наградите за најдобри европски атлетичари во машка и женска конкуренција во 2023 година на синоќешната свеченост во Вилнус. По двете златни медали на Европското првенство во сала во Истанбул, Бол на Светското првенство на отворено во Будимпешта се закити со златото на 400 метри со пречки и ја предводеше холандската женска …

Continue Reading

Возови од Скопје кон Битола и обратно од среда – само еднаш дневно

Од 25 октомври се укинуваат два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје. Патниците од среда на оваа релација ќе можат да ги користат само возовите кои поаѓаат од Скопје во 14:30 часот и во 03:13 часот од Битола. На официјалната страница на Македонски железници, без да наведат подетални информации, само пишува дека овие измени ќе важат се до нивно отповикување. Оваа …

Continue Reading

(Видео) Се појави видео на кое лидерот на Хамас го гледа нападот врз Израел и се клања

Набргу по почетокот на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, почна да кружи видео на водачот на терористичката група Исмаил Ханија во неговата канцеларија во катарската престолнина Доха. Ханија го следеше крвавиот напад на Ал Џезира и се молеше со група други претставници на Хамас. Да потсетиме, во нападот на Хамас пред две недели беа убиени најмалку 1.300 …

Continue Reading

Минувачи нашле починат маж на кејот на Вардар, полицијата врши увид

Во близина на болницата „Систина“, на кејот на реката Вардар, пронајдено е тело на починато лице. Први сведоци биле случајни минувачи. Телото подолго време стоело покрај коритото на реката. Причините за смртта не се познати, ниту пак, кога настанала. Ќе се утврдува и идентитетот на лицето. Повикана беше полиција, која сега прави увид. Телото ќе биде дадено и на обдукција, …

Continue Reading

Бронза за Трајковски од „Макпетрол“ на Светските боречки игри

Витомир Трајковски, каратист на „Макпетрол“, се пласира на третата позиција на Светските боречки игри кои што од 18 до 22 октомври се одржуваат во главниот град на Саудиска Арабија. Трајковски, заедно со Стефан Стојановиќ, исто така, член на скопскиот клуб, се единствените македонски спортисти што учествуваа на овој глобален собир на којшто се натпреваруваат над 1.700 индивидуалци од 80 земји. …

Continue Reading