„Нетфликс“ и „Скајденс анимација“ потпишаа повеќегодишен договор

„Нетфликс“ потпиша повеќегодишен договор со „Скајденс анимација“ за развој на анимирани играни филмови кои ќе бидат објавени исклучиво на „Нетфликс“, соопшти стриминг-гигантот во средата. Џон Ласитер, поранешен шеф за анимација на „Волт Дизни“ и ко-основач на „Пиксар“, ќе ја води продукцијата на филмовите. Ласитер почна да работи во Skydance Animation во 2019 година, откако зеде отсуство од „Дизни“ во 2017 …

Continue Reading

Директорот на Интер „удри“ по Шкриниар

Директорот на Интер Џузепе Марота е разочаран од потегот на словачкиот стопер Милан Шкриниар кој летово замина во ПСЖ. „Тој се однесуваше како да сака да го продолжи договорот со нас, но секогаш имаше поинаков план во главата. Бев толку разочаран од неговата одлука“, изјави Марота за 28-годишниот Словак. „Кога играчот не го продолжува договорот, тој не оди против директорот …

Continue Reading

Ковачевски пред посетата на Фон дер Лајен: Досега ниту некому му се случила тортура, ниту бил извршен притисок

Никогаш не зборувам во туѓо име, тоа веке сте го забележале, истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањето кога ќе се случи најавената посета на претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен. „Кога вчера ме прашавте дали ќе доаѓа претседателката, јас кажав дека има најава до крајот на месецот. Дури не кажав ниту датум, бидејќи тој што доаѓа секогаш треба, …

Continue Reading

Египет ги поправа патиштата преку кои треба да стигне хуманитарна помош во Газа

Механизација за поправка на патиштата е испратена преку граничниот премин Рафах од Египет до Појасот Газа како подготовка за испорака на дел од помошта складирана на египетскиот Синајски Полуостров, изјавија два безбедносни извори. Рафах е единствениот премин кој не е под израелска контрола, но е надвор од функција уште од првите денови на конфликтот во Газа по израелското бомбардирање на …

Continue Reading

Малолетничка избегала од домот во Гостивар, пронајдена во Битола

Триесет и петгодишна гостиварка, вчера, во 10.35 часот, во СВР Тетово пријавила дека од домот се оддалечила ќерка ѝ Л. П. на 15-годишна возраст, извести СВР Тетово. „Набргу, по преземените мерки, малолетничката била пронајдена во Битола кај лице со кое била во љубовна врска по што им била предадена на родителите“, додаваат од СВР Тетово.

Continue Reading

Во рамки на Школата за новинари се одржа настанот „Дигитална трансформација: Одговорност кон иднината на бизнисите“

Следењето на дигиталната трансформација како процес кој ги олеснува работните задачи и го подобрува квалитетот на живот, употребата на напредни дигитални инструменти за ефикасно управување со бизнисите, како и паметното користење на алатки кои работат со помош на вештачка интелигенција, беа само дел од темите за кои се дискутираше на настанот „Дигитална трансформација: Одговорност кон иднината на бизнисите”, што се …

Continue Reading

(Видео) Итната помош со вклучени сирени утрово протестираше за поголема плата заедно со административно-техничкиот персонал

Со вклучени сирени возилата на Итната медицинска помош од многу градови низ земјава утрово го поддржаа протестот за 30% поголема плата, нов Колективен договор, бенефициран стаж, покачување на додатокот за инфекција од 1% на 4% и трансформација на договорите на определено во договори на неопределено време на здравствените работници и административно-техничкиот персонал. За време на паузата од 10.30 до 11.00 …

Continue Reading

СПОРТ ЛАЈФ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ РЕДОВНО ГИ ПОДДРЖУВААТ СПОРТСКИТЕ И ХУМАНИТАРНИTE НАСТАНИ

„Sport Life“ обложувалниците, заедно со „Sportlife Gaming“ автомат клубовите во изминатите месеци, остварија повеќе донации и спонзорства, како дел од стратегијата за општествена одговорност на компанијата. „Активно учествуваме во поддршката на спортот и развојот на општеството, особено на иницијативите од локален карактер и хуманитарните акции, бидејќи афирмацијата на спортот е потребна на сите нивоа.“ Ќе споменеме дел од нив: – …

Continue Reading

Тренчевска: Преку силно застапување за подобар пристап до информации до поголема родова еднаквост и телесна автономија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како предводник на делегацијата на Република Северна Македонија во Женева, денес се обрати на Регионалната конференција „Население и развој: Гарантирање на права и изборот“ во организација на UNECE/UNFPA. На конференцијата беа истакнати точките на напредок во имплементацијата на Програмата за акција од Меѓународната конференција за население и развој од 1994 година. Тренчевска …

Continue Reading