„Нетфликс“ и „Скајденс анимација“ потпишаа повеќегодишен договор

„Нетфликс-и-„Скајденс-анимација-потпишаа-повеќегодишен-договор.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„Нетфликс“ потпиша повеќегодишен договор со „Скајденс анимација“ за развој на анимирани играни филмови кои ќе бидат објавени исклучиво на „Нетфликс“, соопшти стриминг-гигантот во средата.

Џон Ласитер, поранешен шеф за анимација на „Волт Дизни“ и ко-основач на „Пиксар“, ќе ја води продукцијата на филмовите. Ласитер почна да работи во Skydance Animation во 2019 година, откако зеде отсуство од „Дизни“ во 2017 година. Тој беше движечка сила зад анимираните хитови како „Приказна за играчките“ (Toy Story) и „Автомобили“ (Cars).

Договорот со „Нетфликс“ доаѓа по неколку креативни соработки меѓу двете компании, вклучително и филмовите „Проект Адам“, „Деца шпиони: Армагедон“, како и ТВ-сериите „Фубар“ и научната фантастика „Изменет јаглерод“.

Првиот филм од повеќегодишниот договор е Spellbound – приказна за принцеза во мисија да го спаси своето семејство од магија – и ќе биде објавен на „Нетфликс“ во 2024 година.

„Спелбаунд“ ги следи авантурите на Елиан, упорна принцеза која мора да го спаси семејството и кралството откако мистериозна магија ќе ги трансформира нејзините родители, кралот и кралицата на Лумбрија, во чудовишта. Рејчел Зеглер, Никол Кидман и Хавиер Бардем се вклучени во гласовната екипа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK