Комитетот за односи меѓу заедниците одбележа 20 години постоење
Комитетот за односи меѓу заедниците, во рамките на својата 17. седница, свечено ја одбележа 20-годишнината од своето постоење. Седницата ја отвори претседателката на Комитетот, Арбана Пашоли, која изрази чест и задоволство за овој јубилеј, кој го означува стремежот за изградба на модерна држава со мултиетмичка разновидност. Во својот говор, Пашоли истакна дека меѓуетничкиот соживот останува приоритет над приоритетите за обезбедување …
Continue Reading
Адеми се сретна со претставници на Националната конвенција за ЕУ
Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, имаше работна средба со претставници од Националната конвенција за Европска Унија во Република Северна Македонија, Милева Ѓуровска, Мухамед Хаљими и Никола Јазанџиски. На средбата, како што информира собраниската прес-служба, Адеми, истакнал дека Националната конвенција за Европска Унија (НКЕУ-МК) е добра платформа која дава можност парламентот и другите релевантни чинители да имаат активна …
Continue Reading
Кривична против гостиварец, измамил 75-годишник, му го зел возилото, но не го платил
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 29-годишниот В.Ф. од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, извести МВР. – Во периодот од август до септември 2022 година, пријавениот измамил 75-годишник од Гостивар дека ќе го купи неговото возило „опел вектра“ за 400 евра и дека ќе го плати за 10 дена. Тој …
Continue Reading
Палестинското знаме се вее на Стариот мост во Мостар
Големо знаме на Палестина во вторникот беше истакнато на Стариот мост во мнозинскиот бошњачки дел на Мостар, додека во недела знамето на Израел беше проектирано во мнозинскиот хрватски дел од градот, а играчите на Зрињски таму носеа црни панделки како знак на солидарност со жртвите од нападот на таа земја. Непознати активисти го закачија знамето на Палестина на меѓународно заштитениот …
Continue Reading
Изгоре викендица во село Владимирово, нема повредени
Вчера попладне во 14.40 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Чечева кривина“ во село Владимирово, беровско, настанал пожар, при што биле зафатени една нива и викенд куќа, сопственост на Ј.А. од Скопје, извести МВР. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Continue Reading
Повреден скопјанец, тракторот што го управувал се превртел, а тој паднал
Вчера попладне околу 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Усје во Скопје, додека 67-годишниот Б.С. од Скопје управувал трактор во својот двор, тракторот се превртел и тој паднал, извести МВР. Б.С. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Извршен е увид.
Continue Reading
Уапсен 38-годишен маж од струмичко, ја истепал мајка си, па го запалил домот при што бил повреден и неговиот татко
На 8 октомври, вечерта, во 22.00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 38-годишниот В.М., извести МВР. – Тој се сомничи дека во домот физички ја нападнал неговата 57-годишна мајка, а откако таа го напуштила домот тој предизвикал пожар во домот, при што со повреди се здобил неговиот 66-годишен татко. Пожарот бил изгаснат од …
Continue Reading
Каснувања од кучиња скитници пријавени во Куманово, Прилеп и Битола
Вчера во СВР Битола, 28-годишниот Ф.К. од село Свето Митрани, крушевско, пријавил дека на улица „Широк Сокак“ во Битола бил каснат од куче скитник, извести МВР. Уште два случаи на каснувања од кучиња скитници биле пријавени во Прилеп и еден во Куманово. – На 09.10.2023 во 22.20 часот во СВР Куманово, Е.И.(46) од Куманово пријавила дека на улица „Никшиќка“ во …
Continue Reading
Кривична против тројца скопјани за „загрозување на животната средина и природата со отпад“
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(47), Е.С.(51) и против Т.М.(57), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на животната средина и природата со отпад” и „узурпација на недвижност”, извести МВР. – Инспектор за животна средина на Град Скопје и надлежни служби од Општина Бутел извршиле контрола …
Continue Reading