Папата Франциско ја оствари својата прва посета во Монголија

Папата Франциско денеска пристигна во Монголија, што е прва посета на римокатолички поглавар на таа азиска земја. Папата пристигна на аеродромот во Улан Батор околу 10:00 часот по локално време, каде што беше пречекан од монголска почесна гарда во традиционална сина, црвена и жолта облека. Посетата на 86-годишниот папа е планирана до понеделник во Монголија, претежно будистичка земја со заедница …

Continue Reading

Да не се одолговлекува седницата за уставните измени, порача Мицкоски по координацијата со пратениците

Да не се одолговлекува седницата за уставни измени, нема уставни измени под бугарски диктат, да се почитува волјата на народот. Ваква порака испрати првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната координација со пратеничката група и коалицијата. „Бараме да не се одолговлекува процедурата и да се злоупотребува позицијата за да се одолговлекува седницата за уставни измени. Ќе се почитува волјата …

Continue Reading

„Кога ја најдовме подморницата следеше тишина“ – три месеци по имплозијата на „Титан“ спасувачите раскажаа низ што поминувале

Потрагата по подморницата Титан беше една од централните теми на светските медиуми неколку дена во јуни. Туристички брод со пет патници до потонатиот брод Титаник изгуби контакт со површината, а спасувачите започнаa трка со времето за да го спасат екипажот. Сега спасувачите кои ги пронајдоа остатоците од подморницата Титан на „Оушнгејт“, раскажаа за „Скај њуз“ како се одвивала потрагата и …

Continue Reading

Ердоган ќе се сретне со Путин

Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин во понеделник во Сочи ќе го прими турскиот колега Реџеп Таип Ердоган со кого се очекува да разговара за обновување на договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море. Преговорите ќе се одржат во понеделник во Сочи во средината на денот, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, без да навлегува …

Continue Reading

Делата на Мисирков и Шопов во фокусот на конференцијата за јазик, литература и култура со најдолга традиција во регионот

Голем јубилеј, значаен за македонистиката и за македонската држава – 50. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Конференцијата е отворена денес во Охрид, со учесници од дури 15 држави, покрај нашата. Истражувачи од Кина, Шведска, преку Турција, до учесници од словенските земји и …

Continue Reading

Леонардо Бонучи ќе игра за Унион Берлин во ЛШ

Германскиот бундеслигаш Унион Берлин го објави потписот на легендарниот дефанзивец на Јувентус, Леонардо Бонучи на слободен трансфер. 36-годишниот ветеран потпиша договор со германскиот клуб до следното лето, со опција за продолжување на уште една година. Унион Берлин и „бјанконерите“ се договорија дека нема да има трансфер, Германците ќе го платат најголемиот дел од платата на играчот, која е 3,5 милиони …

Continue Reading

„Заболени се 9, а не 10.000 свињи“ – Агенција за храна контра Трипуновски

Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ. Од Агенцијата велат дека Трипуновски во видео изјава, неаргументирано лицитира со бројки, тврдејќи дека на фарма во Карбинско Тарици од свинска чума се заболени 10 илјади свињи. „Како одговорна институција одговорно тврдиме дека станува збор за изолиран случај …

Continue Reading

Спасовски: Мислам дека за неколку дена ќе го имаме вејачот на „Голема Албанија“ во Тетово

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски верува дека лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија“ во Тетово за време на пречекот на косовскиот премиер, Алнин Курти, ќе биде пронајдено и фатено во следните денови. „Имаме прибрано добри оперативни сознанија. Таргетирани се неколку лица. Се прават детални испитувања. Мислам дека за неколку дена ќе го имаме лицето“, рече Спасовски одговарајќи …

Continue Reading

Распишани конкурсите за поезија и плакат на манифестацијата „100 илјади поети за промена“

Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува поетски конкурс за овогодинешното издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално. Секој автор може да учествува со по една песна. Песните …

Continue Reading