Ждреб за Лига Европа: Ајакс, Олимпик Марсеј и Брајтон во „групата на смртта“
Три поранешни европски прваци, Ливерпул, Олимпик Марсеј и Ајакс, ќе играат оваа сезона во групната фаза од Лигата на Европа. Денеска со ждреб беа одредени и групите. Ливерпул е во групата Е, заедно со ЛАСК, Унион Сен Жилоа и со Тулуз. Се чини дека најголема е конкуренцијата во групата Б, каде се Ајакс, Олимпик Марсеј, Брајтон и АЕК. Македонија ќе …
Continue Reading
(Видео) „Нема да ви простам за мајка ми“ – Кадиров бесен за санкциите врз неговата мајка
Откако мајката на чеченскиот лидер беше ставена на листата со санкции на САД, Рамзан Кадиров упати директни закани до Американците и НАТО алијансата во најновото видео објавено на Телеграм. Видеото на Твитер го сподели заменик министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, додавајќи на видеото и превод на англиски јазик. „Отстранете ги брзо санкциите. Нема да ви простам што …
Continue Reading
Леќата и грашокот од локалитетот Влахо во Пелагонија најстари досега датирани во Европа
Центарот за истражување на предисторијата доби потврда за најстарото потекло на леќата и грашокот во Европа на локалитетот Влахо. Имено, со археоботаничките анализи на растенијата пронајдени при ископувањето на археолошкиот локалитет во Пелагонија се детектираа остатоци од повеќе мешункасти плодови и житарици. Нивното датирање со помош на радиокарбон анализите потврди дека тие биле користени во втората половина на 7-от милениум …
Continue Reading
Хаос во Брисел по силниот дожд, поплавени тунели, трамваите не сообраќаат
Неколку патни тунели се поплавени, а трамвајскиот сообраќај е во прекин откако утринава силен дожд го зафати Брисел, јави новинската агенција Белга. Два тунели, еден во центарот на градот и еден на југ, беа затворени поради поплави. Третиот тунел, кој е дел од централната обиколница на главниот град на Белгија, е привремено затворен. Non ceci n’est pas une fiction! Ça …
Continue Reading
Објавена филмската програма за претстојното 44. издание на „Браќа Манаки“ во Битола
Селекторите на Интернационалниот фестивал на филмската камера ја објавија програмата на овогодишното 44. фестивалско издание. Селекторот на програмата Камера 300 за долгометражни играни филмови, Слаѓан Пенев, ја најави исклучително богатата и атрактивна селекција. Освен претходно објавените македонски филмови на отворање и затворање на фестивалот, „Домаќинство за почетници“ и „Лена и Владимир“, од филмовите што ги најави Пенев дел од програмата …
Continue Reading
Манчестер Јунајтед се засили со Турчинот Бајиндир на голманската позиција
Манчестер јунајтед ја засили голманската позиција со првиот Турчин кој потпиша за клубот. Станува збор за 25-годишниот Алтај Бајиндир, кој настапуваше во Фенербахче во изминатите четири сезони. Според турските медиуми, клубот од „Олд Трафорд“ ќе му плати на Фенербахче 7 милиони евра како обештетување. „Алтај Бајиндир му се приклучи на Манчестер јунајтед на договор кој истекува во јуни 2027 година, …
Continue Reading
„Браќа Манаки“ Шеjмус Мекгарви добитник на Специјална „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност
Директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ Симеон Мони Дамевски на денешната прес конференција го објави добитникот на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на 44. Фестивалско издание што ќе се одржи од 23 до 29 септември. Кинематограферот, чиј ракопис стои зад долгогодишната тандемска соработка со Џо Рајт („Покајание“, „Ана Каренина“, „Сирано“), зад „Ноќни животни“ (режија Том …
Continue Reading
Без внатрешни блокади можеме да влеземе во ЕУ и пред 2030 година, вели Пендаровски
Без внатрешни опструкции какви што гледаме кај македонската опозиција, можно е да влеземе во Европската Унија и пред 2030 година. Во насока на тоа се и зборовите на министерката за Европа во администрацијата на францускиот претседател Макрон, која рече дека може некоја од земјите на Западен Балкан да влезе и пред 2030 година. Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски одговарајќи …
Continue Reading
Му должеле 7000 евра, поради нив го бркале извршители: објавена фотографија од човекот кој активираше експлозив во Смедерево
Соседите на Ѓорѓе А., кој синоќа со бомба се разнесе на третиот кат од зграда во центарот на Смедерево и повреди двајца, објаснуваат дека подолго време имал проблеми со станарите. „Не можеше да ги избрка од станот, му должеа повеќе од 7.000 евра, ја сменија бравата, го малтретираа. И тој се реши на таков драстичен чин. Немам подобар збор за …
Continue Reading