Ал-Раиси на средба со Џафери: Македонија е кредибилен партнер во рамкитна Интерпол

Република  Македонија е несомнено земја лидер во регионот по однос на безбедносната соработка и кредибилен партнер во рамките на Интерпол, земја на која секогаш може да се потпрете во борбата против сузбивање на криминалот и безбедносните предизвици кои претстојат, рече денеска претседателот на Интерпол, Ахмед Насер Ал-Раиси на средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери. Ал-Раиси ја истакна и можноста …

Continue Reading

Утре почнува втората фаза од продажбата олимписки билети

Втората фаза од продажбата на влезници за Олимписките игри 2024 во Париз започнува утре, а оние кои ќе бидат извлечени ќе можат да купат исклучиво поединечни билети. На жрепката за втората фаза се пријавени четири милиони луѓе, кои се надеваат дека ќе можат да изберат и купат влезници за тоа што најмногу ги интересира. Од 1.5 милиони влезници во оваа …

Continue Reading

Средба на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на Македонија и Австрија

Делегација на Пратеничката група (ПГ) на Парламентот на Република Австрија за соработка со Собранието на Република  Македонија, која престојува во дводневна посета на земјава, денеска оствари средба со претседателот на ПГ на Собранието за соработка со австрискиот Парламент, Арбер Адеми и со членови на оваа група. Адеми изрази задоволство поради посетата, нагласувајќи дека вакви средби се можност за размена на …

Continue Reading

Нетанјаху: Подготвени сме да ги прошириме нападите врз Појасот Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е можно проширување на актуелната воена операција врз Појасот Газа, откако палестинските екстремисти истрелаа десетици ракети врз јужниот дел на Израел. Ракетирањето е одговор на вчерашните израелски воздушни напади врз Појасот Газа, при што загинаа 20 Палестинци, меѓу кои и тројца команданти на Исламски џихад и најмалку девет цивили. Сирените за тревога се …

Continue Reading

Утре седница на Агросоветот, на дневен ред поглавјата за земјоделство, рурален развој и безбедност на храна

Утре ќе се одржи седница на Агросоветот. Единствена точка на дневен ред, како што најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ќе биде преглед на активностите, обврските и задачите за прилагодување на поглавјата 11, 12 и 13 од Кластерот 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“. -Ќе дискутираме за вклученоста на сите чинители во процесот на скринигот и отворањето …

Continue Reading

Де Ниро: Седмото дете беше планирано

Веста за седмото дете на Роберт де Ниро изненади многу обожаватели на глумецот, но тој не е шокиран оти станал татко на 79 години. На премиерата на филмот „About My Father“ (За мојот татко) синоќа, Де Ниро во интервју за „Пејџ сикс“ (Page Six) појасни дека бременоста била „планирана“. – Како не можете да планирате такви работи?!, возврати тој со реторичко …

Continue Reading

Лајчак утре и задутре во Приштина и во Белград

Портпаролот на ЕУ Петер Стано потврди дека специјалниот претставник на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак, оваа недела ќе ги посети Приштина и Белград.   Лајчак утре ќе ја посети Приштина, а в петок ќе го посети Белград. „Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог редовно патува во регионот и често ги посетува Приштина и Белград, особено по состаноците на високо …

Continue Reading

Конференција за користењето допинг средства во спортот

Тематска конференција насловена „Допинг во спортот“ со учество на еминентни домашни експерти од оваа област се одржа во Скопје, во организацијата на Агенцијата за млади и спорт (АМС) во рамки на проектот „Европска недела на спортот“. На настанот се обратија д-р Зоран Ханџиски, д-р Ели Ханџиска и д-р Илија Стоилов, кои се дел од националната антидопинг комисија при АМС, а …

Continue Reading

Приведен 21-годишник поради физички напад врз партнерката

Полициски службеници од Полициската станица Чаир вчера во 15.20 часот го лишиле од слобода 21-годишниот А.С., затоа што во домот во скопско село, физички ја нападнал неговата невенчана сопруга, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Continue Reading