Конференција за користењето допинг средства во спортот

55
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тематска конференција насловена „Допинг во спортот“ со учество на еминентни домашни експерти од оваа област се одржа во Скопје, во организацијата на Агенцијата за млади и спорт (АМС) во рамки на проектот „Европска недела на спортот“.







На настанот се обратија д-р Зоран Ханџиски, д-р Ели Ханџиска и д-р Илија Стоилов, кои се дел од националната антидопинг комисија при АМС, а презентациите беа насочени кон националните спортски федерации.

Д-р Стоилов ги потенцираше основните принципи на последиците од консумирање недозволени средства во спортот, како и улогата на светската антидопинг Агенција во формулација, промоција, координација и мониторинг на суплементите во спортот, за што владите преку своите национални агенции треба да земат активно учество во едукација на спортистите и спортските работници, првенствено преку националните спортски федерации.

Посебен акцент Стоилов стави на таканаречениот „невин, ненамерен допинг“ кој е многу чест случај кај нас и во светот.

Д-р Ели Ханџиска ги објасни насоките на Светска антидопинг агенција (WADA) според кои работи македонската антидопинг комисија и за можноста за извршување допинг контрола кај спортистите за време на натпревар, но и надвор од него, без разлика дали е тоа дел од програмата за антидопинг или се реализира по претходна најава или сомневање.

– Според правилата на WADA, секој организатор е должен да обезбеди станица за антидопинг контрола, истакна Ханџиска.

Во своето обраќање на тематската конференција, д-р Зоран Ханџиски го потенцираше фактот на пораст на процентот на позитивни допинг тестови од суплементи, кој по најновите истражувања се искачи на 70 проценти.

-Опасноста од консумирање  суплементи, без разлика дали станува збор за дозволени, како што е карнитин, кофеин или бикарбонати, е голема ако се прави без претходна консултација со стручни лица, како и потеклото односно производителот, рече Ханџиски.

Тој укажа на важноста од правилна исхрана на спортистите.

-Секогаш е подобра опција да се обрне внимание на рехидрација, идеално оптимизирање на замор и опоравување од него и, најважно од сè, оптимален внес на хранливи материи преку исхраната. Во ерата на „тренд на телото, а не на душата“, се повеќе млади луѓе посегнуваат по недозволени или неиспитано или погрешно дозирани дозволени суплементи, додаде Ханџиски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK