Утре седница на Агросоветот, на дневен ред поглавјата за земјоделство, рурален развој и безбедност на храна

traktor
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утре ќе се одржи седница на Агросоветот. Единствена точка на дневен ред, како што најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ќе биде преглед на активностите, обврските и задачите за прилагодување на поглавјата 11, 12 и 13 од Кластерот 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“.







-Ќе дискутираме за вклученоста на сите чинители во процесот на скринигот и отворањето на преговорите со ЕУ што е стратешка цел на сите генерации. Минатата година завршивме голема реформа во земјоделството заеднички со земјоделците. Годинава фокус се ЕУ преговорите, како и реформите на шумарството и водостопанството, рече Николовски на настанот по повод ЕУ проектот за реформи во шумарството.

Поглавјето 11 се однесува на земјоделството и руралниот развој, поглавјето 12 на безбедноста на храна, ветеринарната и фитосанитарната политика, а поглавјето 13 на рибарството.

Кластерот 5 се смета за најобемен со оглед дека освен поглавјата 11, 12 и 13, ги опфаќа и поглавјето 22 – Регионална политика и координација на структурни инструменти, како и поглавјето 33 – Финансиски и буџетски одредби, каде припаѓа скоро 47 отсто од целокупната регулатива за сите кластери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK