Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

– Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години ќе учествува на Европското првенство во Б дивизијата, кое од 30 јуни до 9 јули ќе се одржи во Софија. Селекторот на женската јуниорска репрезентација, Јелена Антиќ денеска излезе со поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета во подготвителниот период. Подготовките ќе се одвиваат во Скопје, а првиот селективен тренинг е закажан …

Continue Reading

Седница на собраниската Комисија за европски прашања, на дневен ред законските измени за коридорите

– Собраниската Комисија за европски прашања вечерва ќе одржи седница на чиј дневен ред се предлог-законските измени за изградба на коридорите 8 и 10д за кои денеска на пленарна седница беше утврдена потребата да се носат по скратена постапка, со европско знаменце. На дневен ред е и Предлог-законот за академија за судии и јавни обвинители, исто така по скратена постапка. …

Continue Reading

Пентагон потврди дека Украина ја соборила руската суперсонична ракета „Кинжал“

Украинската армија со помош на американскиот ракетен систем за противвоздушна одбрана Patriot урнал руска суперсонична ракета „Кинжал“ (Х-47), изјави синоќа портпаролот на Пентагон Патрик Рајдер. Тој потврди претходно соопштение на Министерството за одбрана на Украина за соборувањето на ракетата. -Можам да потврдам дека тие урнале руска ракета со помош на системот Patriot. Како што знаете, тој систем е дел од …

Continue Reading

Колев: Пет-шест години ни ветуваат реконструкција на мостот кај Башино Село

Состојбата на мостот кај Башино Село е критична. Посебно по обилните дождови, кога низ Вардар пловат големи стебла дрва, што се голема опасност за тенките столбови на мостот. За да се надмине опасноста мостот да се сруши, Општина Велес секој втор ден мора да ангажира и плаќа тешка механизација за да отстрани големи дрва и гранки, заглавени на тенките столбови. …

Continue Reading

Изгласан Законот за задругите, Јулијана Лефковска и Жаклина Просаровска членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво

Собранието вечерва во рамки на 115. седница го изгласа Законот за задругите и ги избра Јулијана Лефковска и Жаклина Просаровска за членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво. Претходно, по целодневна расправа, беше изгласан дневниот ред на 115. седница на која беше утврдена потребата за носење на предлог-измени на пет закони поврзани со изградбата на Коридорите 8 и …

Continue Reading

Португалија бара помош од ЕУ поради големата суша

Португалските власти денеска побараа помош од Брисел за земјоделскиот сектор, поради сушата што ја зафати државата. Министерката за земјоделство Марија до Сеу Антунеш изјави дека сувото време влијае на земјоделството и резервоарите за вода, поради што побарала од Европската комисија да го реши проблемот и да и даде поддршка на Португалија. Метеоролошката агенција ИПМА претходно објави дека во текот на …

Continue Reading

По целодневна расправа изгласан дневниот ред на 115. седница на Собранието

Собранието, вечерва, по целодневна расправа, го изгласа дневниот ред на 115. седница на која во претпладневниот дел, беше утврдена потребата за носење на предлог-измените на пет закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д по скратена постапка, со европско знаменце. Означувањето на законите со европско знаменце од страна на Владата, ја одбележа целодневната расправа во тек на која пратениците …

Continue Reading

Десет тужби за надомест на штета поради каснување од куче за четири години во Кавадарци

Десет тужби за надомест на штета поради каснување од куче, биле поднесени во кавадаречкиот суд, за изминатите четири години. Ова го потврдија за МИА од Основниот суд. – Во период од 2019, заклучно со 2022 година, пред овој суд се поведени 10 судски постапки по тужби на физички лица, за надомест на штета од каснување на куче, во кои тужени …

Continue Reading

Мартин ја охрабрува Македонија да ги заврши успешно уставните измени

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и одбрана на Ирска, Михол Мартин ја охрабрува  Македонија да ги заврши успешно уставните измени, за, како што вели, непречено чекорење кон полноправното членство во Европската Унија. Како што соопшти МНР, по средбата со министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Даблин, Мартин истакна дека таква обврска имаше и Ирска пред …

Continue Reading