Состојба на повредените во престрелките во Србија: Две деца од училиштето се уште критични, повеќе тешко ранети во Младеновац

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српската министерка за здравство Даница Грујичиќ ја соопшти состојбата на повредените во пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар и Младеновац, при што потенцираше дека неколку пациенти се во критична состојба, јави дописникот на МИА од Белград.







Што се однесува до ранетите во училиштето, двете момчиња кои се лекуваа во Тиршова денеска се пуштени дома, но девојчето со повреди на главата се уште е критично. Три деца и наставничката се уште се во Ургентниот центар, момчето и девојчето, како и наставничката се добро, додека другото момче е многу сериозно и има тешки оштетувања на ‘рбетниот мозок.

Кога станува збор за ранетите во пукањето во Младеновац, сите повреди се предизвикани од огнено оружје, а 13 повредени се хоспитализирани.

Како што рече Грујичиќ, М.М. има површна рана на градниот кош, но нема повреди на внатрешните органи на абдоменот, стабилен е и опериран.

-Девојчето Н.Н.(2006) има прострелна рана во главата и мочниот меур, оперирано е, изваден е хематом од десната страна на челото, а пред операцијата не можела да гледа во левото око каде се забил куршум и ја чека уште една интервенција. М.А. е најтешко повредена, има две прострелни рани, извадени се бубрегот, дуоденумот и дел од дебелото црево, повредите на екстремитетите се третирани површно, а доколку се стабилизира, следува ортопедска интервенција, рече министерката.

И.И. околу 20 години, има повреда на ногата, на операција е и во состојба на хеморагичен шок, анестезиолозите ја надоместиле изгубената крв, решена е фрактура на десната бутна коска, подлактица и надколеница, му се вршат ортопедски интервенции.

-В.Н.(2003) десната горна нога и препоните се без оштетување на крвните садови, по стабилизирање на состојбата ја чекаат дополнителни ортопедски интервенции. С.Ј.(1972) има повреда на градниот кош, извршена е операција, стабилна е, има фрактура на прв лумбален пршлен и засега нема знаци на поместување на нозете, може да биде минливо. Острелна рана на долниот дел на карлицата на М.П.(1969) е оперирана и тој е на интензивна нега, оперирана и П.М. со повреда на глутеалната регија, рече Грујичиќ.

Во болницата „Драгиша Мишовиќ“ има двајца пациенти, М.П. (1997) со отсранет бубрег, има повреди на крвните садови, операцијата е завршена и И.М. (2003) со деструкција на коската на десната бутина, без знаци на оштетување на нервите и крвните садови, стабилна е.

Во болницата во Смедерево имало тројца пациенти, од кои еден (Р.Ј., роден 2002 година) поради компликации на повреди на градниот кош бил префрлен во Ургентниот центар и е префрлен во стабилна состојба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK