Дендиас за меморандумите со Македонија: Секој грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За трите меморандуми со Македонија, кои сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент, министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во интервјуто за грчкиот информативен портал Ин, вели дека секој грчка Влада оценува што е во нејзин интерес, јави дописничката на МИА од Атина.







-Секогаш, секоја Влада оценува кој е националниот интерес и кои карти за преговарање треба да ги држи во свои раце. Така што, мислам дека грчката Влада, новата грчка Влада што ќе произлезе по изборите, за што се надевам и изразувам сигурност дека тоа ќе бидеме ние, ќе го разгледа прашањето и ќе види што е во интерес на Грција, рече Дендиас.

На прашањето дали би се обврзал дека по изборите меморандумите ќе бидат изгласани, посочува дека тоа не е во негова надлежност.

-Пред сè и кога би се обврзал јас, не би било важно, бидејќи ако има обврзување тоа треба да дојде од лидерот на партијата и сегашниот и иден премиер. Јас сум министер, не сум премиер, истакна шефот на грчката дипломатија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK