Италија: Поради поплавите 10.000 луѓе останаа без вода за пиење во провинцијата Равена

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Речиси 10.000 луѓе во североисточниот италијански регион Емилија Ромања денеска се без проточна вода поради поплави во локалната пречистителна станица, предизвикани од невидени врнежи во вторникот и средата, јави италијанската новинска агенција АНСА.







Пожарникарите работеа на решавање на проблемот во објектот во градот Конселице во провинцијата Равена, кој заедно со провинцијата Болоња го понесоа најголемиот товар од екстремните временски услови.

Во меѓувреме, цистерни и волонтери обезбедуваат вода.

Медиумите известуваат дека две лица загинале, а 500 луѓе морале да бидат евакуирани од своите домови како последица на обилните дождови и поплавите кои настанале, кои исто така ја оштетиле инфраструктурата и ги уништиле посевите.

Италијанската Влада вчера прогласи вонредна состојба во регионот и одвои 10 милиони евра за справување со штетите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK