Принцот Хари се жалел за време на крунисувањето на Чарлс
Иако тоа се случи пред речиси 2 години, повеќето луѓе сè уште се сеќаваат на крунисувањето на кралот Чарлс. Некои и до ден денес го анализираат, а меѓу нив е и читачот на усни Џереми Фримен, кој тврди дека принцот Хари се пожалил за време на церемонијата. Хари седеше до Џек Бруксбанк, сопругот на неговата братучетка, принцезата Јуџин. Според „Сан“, …
Continue Reading
Mуцунски: Трагедијата во Кочани уште еднаш покажа колку е важна соработката со соседите
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за грчкиот дневен весник „Та Неа“ зборуваше за билатералните односи меѓу двете земји, поддршката по трагедијата во Кочани, како и за регионалната стабилност и безбедност и заедничките предизвици и приоритети во рамките на НАТО Алијансата. Муцунски истакна дека трагедијата во Кочани е една од најтешките со кои се соочила …
Continue Reading
Исмаил од Левица: Мицкоски и Тошковски избегнаа да одговорат на суштински прашања за трагедијата во Кочани
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, избегнале да одговорат на прашањата на пратениците во врска со трагедијата во Кочани. Во статус објавен на неговиот Фејсбук профил, Исмаил наведува дека на последната седница за пратенички прашања во Собранието, двајцата функционери оставиле низа отворени дилеми во врска со институционалното постапување: „На …
Continue Reading
Приведени двајца пијани возачи, едниот имал 3,34 промили во крвта
Полицијата од Кавадарци ги приведе возачите Х.К.(22) и А.М.(35) поради безобзирно управување со моторно возило. „Кај Х. К. е констатирано дека возилото го управувал со 2.65 промили алкохол во крвта, додека кај А. М. констатирано е дека истиот го управувал возилото со 3.34 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР. Задржани се во полиција, а по целосно документирање на случајот ќе биде …
Continue Reading
Околу 15 илјади луѓе се евакуирани во Германија поради сомнителни бомби од Втората светска војна
Главната железничка станица во северозападниот германски град Оснабрик беше затворена, а околината евакуирана откако беа пронајдени четири бомби за кои постои сомневање дека се од Втората светска војна, соопшти националната железничка компанија Дојче Бан (ДБ). Ограничувањата што го засегаат меѓуградскиот, дневниот и товарниот сообраќај ќе останат во сила цел ден, а целата област околу станицата е зона за евакуација, соопшти …
Continue Reading
Европската комисија најави пропорционален одговор на американските царини
Следната недела Европската Комисија ќе воведе контрамерки како одговор на американските царини за увоз на алуминиум и челик, додека одговорот за воведувањето царини за автомобили и реципрочни тарифи од 20 проценти за голем број производи ќе следи по анализа и консултација со земјите-членки. Од 12 март на сила е одлуката за 25 отсто царини за увоз на алуминиум и челик …
Continue Reading
18-годишникот на Мерцедес собори два рекорди на Ферстапен
Големата награда на Јапонија засекогаш ќе ја памети 18-годишниот возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели. Младиот Италијанец на крајот го освои шестото место, но собори и два рекорди кои претходно ги држеше Макс Ферстапен, победникот на Јапонското ГП и актуелен четирикратен шампион во Формула 1. Првиот рекорд што го собори беше оној за најмлад возач кој водел на трка. Антонели …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДСМ, Сашко Митовски, за кој велат дека свесно ширел паника за наводно загадената вода во Крива река, по хаваријата во „Тораница“, „Градоначалникот на Крива Паланка свесно ја лажеше македонската јавност дека во водите на Крива река имало присуство на цијанид за 100 пати над …
Continue Reading
(Видео) Јанис со трипл-дабл ја реши драмата во Мајами
Милвоки Бакс, по едно продолжение победи Мајами Хит со 121:115. Со оваа победа тимот од Висконсин обезбеди пласман во плеј-офот на НБА лигата, а апсолутен херој беше Јанис Адетокумбо. „Грик Фрик“ оствари нов трипл-дабл, овојпат со 36 поени, 15 скока и десет асистенции. Со тоа Адетокумбо му се закани на Никола Јокиќ во трката за МВП, а според некои проекции …
Continue Reading