Денес завршува првото пријавување од јунскиот рок за упис во средни училишта, досега поднесени над 13 илјади апликации
Министерството за образование и наука потсетува дека денес е последен ден за поднесување апликации во рамки на првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година. Апликации можат да се поднесуваат до крајот на денот. Второто пријавување е на 30 јуни, додека конечните ранг лист по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. …
Continue Reading
Неколкумина повредени во сообраќајна незгода во Тетовско
Вчера во 12.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат село Боговиње-село Урвич, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(52) од село Шипковица, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(68) од село Ново Село, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се …
Continue Reading
Малолетник нападнат во парк во Кисела Вода
Вчера во СВР Скопје, 37-годишната Ф.И. од Скопје пријавила дека околу 19.50 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно машко лице, кое, исто така, било во паркот со неговото дете. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Музичка вечер со Соколов и Кабранова Филипова
На 13 јуни 2025 година, публиката во Гевгелија уживаше во извонреден музички настан, дел од програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Во пријатниот амбиент на хотел „Аполонија“ се одржа Концерт на дуото Лазар Соколов (саксофон) и Емилија Кабранова Филипова (пијано), кој беше организиран од Здружението на граѓани „Музички моменти“- Гевгелија. Двајцата уметници понудија репертоар со одбрани композиции за …
Continue Reading
Во сообраќајна незгода во општина Липково повредени мотоциклистот и неговиот сопатник
На 16.06.2025 околу 20.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од локалниот пат село Виштица-село Никуштак и пат за село Виштица, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Ф.С.(27) од село Липково и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната А.Ј. од Скопје. Во несреќата со …
Continue Reading
Финансирање на брзата пруга побарано од 21 банка
Министерството за финансии испрати до 21 меѓународнa финансискa институциja и странски комерцијални банки барање за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10. Станува збор за финансиски институции од Европа, САД, Јапонија и Обединетото Кралство, од кои дел се институции со коишто земјата и претходно соработувала на одредени проекти. Поконкретно барањето е доставено до …
Continue Reading
Скопјанка подолго време била следена и вознемирувана од нејзиниот сосед, полицијата го расчистува случајот
Вчера во 12.30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од Скопје пријавила дека подолг временски период била следена и вознемирувана на социјална мрежа од нејзиниот сосед В.П. од скопско село, кој ѝ го оштетил и нејзиното патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Волф: Потегот на Ред Бул е патетичен и мизерен
Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека потегот на Ред Бул да поднесе приговор по победата на Џорџ Расел во Канада е „жалосен и мизерен“. По трката во Монтреал, Ред Бул поднесе жалба во која се наведува дека Расел „возел непредвидливо и невнимателно“, и дека „ направил неспортски потег во време кога на патеката имало безбедносно возило“. И двата приговори …
Continue Reading
Палестинците: Израелските тенкови пукаа врз цивили и убија најмалку 51 лице
Израелски тенкови вчера пукаа врз толпа луѓе кои се обидуваа да соберат хуманитарна помош од камион во Појасот Газа, при што според медицинскиот персонал загинале најмалку 51 лице. Видеото споделено на социјалните мрежи покажува десетина осакатени тела на улица во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа. Израелската армија призна дека пукала во областа и соопшти дека го истражува …
Continue Reading