Ќерка ја истепала мајка си во центарот на Скопје, оштетила и дел од покуќнината
Вчера во 20.30 часот, 61-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзината ќерка, 40-годишната М.К. од Скопје, која оштетила и дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Двајца бугарски државјани уапсени на граничниот премин Табановце, кај нив била пронајдена марихуана
Вчера во 05.30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 22-годишниот Д.И. и 23-годишната Х.Д.М, двајцата од Република Бугарија, за тоа што при гранички проверки на автобусот со бугарски национални ознаки, со кој допатувале, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети. Известен бил јавен обвинител, а лицата биле предадени …
Continue Reading
Велика Британија и сојузниците најавуваат нови санкции против Русија
Велика Британија и нејзините сојузници од Г7 треба да објават дополнителни санкции против Русија, соопшти британската влада, засилувајќи го притисокот врз Москва поради војната во Украина. Се очекува премиерот Кир Стармер да го објави финализирањето на пакетот санкции и да каже дека сака да работи со сите партнери од Г7. Целта е да се исцрпат руските енергетски приходи и да …
Continue Reading
Пикник со ритам и боја во Гевгелија
На 15 јуни 2025 година, локалитетот „Динќут“ во Гевгелија беше претворен во вистинска оаза на дружење и културна разноликост. Под отворено небо и во пријатна природа, се одржа „Гевгелија на пикник“- рекреативно-забавен настан кој привлече голем број граѓани и љубители на музика и уметност. Во текот на денот, посетителите уживаа во електронските ритми и сетови на диџеите од Funky Fresh- …
Continue Reading
Трамп: Или ќе направиме фер договор со ЕУ или ќе ни платат
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Европската унија допрва треба да го понуди она што тој го смета за фер договор. Трамп истакна дека Јапонија е „тврда“ во трговските преговори, додавајќи дека министерот за финансии Скот Бесент останал на состанокот на Г7 во Канада. Трамп претходно го напушти состанокот на Г7. Обраќајќи им се на новинарите на враќање во …
Continue Reading
При ископ во село Калишта пронајдена експлозивна направа
Вчера во 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека при ископ во село Калишта, струшко, била пронајдена експлозивна направа. Екипа од ОВР Струга и пиротехничар од Дирекцијата за штита и спасување извршиле увид и било констатирано дека се работи за артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната.
Continue Reading
Кремљ: Конфликтот меѓу Израел и Иран е на пат на галопирачка ескалација
Кремљ денеска предупреди дека конфликтот меѓу Израел и Иран е на пат на галопирачка ескалација, повикувајќи ги сите страни на воздржаност. Портпаролот на Кремљ рече дека Русија во моментов не ја гледа подготвеноста на Израел за посредување или мирно решавање на конфликтот. Русија, исто така, им нуди на своите граѓани можност за евакуација од Иран преку Азербејџан поради зголемените тензии.
Continue Reading
Малолетник истепан во парк во скопски Аеродром
На 13.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишниот А.Р. од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Д. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
„Aуди“ излетало надвор од патот Куманово-Свети Николе, три лица со тешки повреди пренесени на Клиника
Вчера околу 11.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки“, управувано од В.К.(42) од село Кучкарево, кумановско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и две сопатнички К.К.(31) и Л.К.(19), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од …
Continue Reading