Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Командант на НАТО: Повлекувањето на американските сили нема да ја загрози одбраната на Европа

Врховниот командант на НАТО, Алексус Гринкевич, изјави дека одлуката на САД за повлекување на една оклопна бригада, односно околу 5.000 војници од Европа, нема да им наштети на одбранбените планови на Алијансата на континентот. Гринкевич, кој се обрати во Брисел по состанокот со воените команданти на земјите членки на НАТО, нагласи дека европските сојузници и Канада преземаат поголема одговорност за …

Continue Reading

Метеоролозите најавуваат нестабилно време со врнежи и ветер во текот на продолжениот празничен викенд

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со …

Continue Reading

„Физика на радоста“: Изложба на Театар Пи и лица од „Порака“ во Мала Станица

Од денеска, 19 мај, па сè до 26 мај, во објектот Мала Станица при Националната галерија на Македонија, јавноста ќе може да ја погледне уникатната фотографска изложба насловена „Физика на радоста“, во организација на „Театар Пи“. Изложбата го портретира човекот како суштество составено од туѓи сеќавања, недоизговорени приказни, тишини, стравови и нежности – елементи кои секој од нас ги носи …

Continue Reading

(Видео) Рим: Турист скокна во Фонтана ди Треви, Италијанците бесни

Славната римска Фонтана ди Треви повторно стана место на инцидент кој ја збесна италијанската јавност. И покрај постојаните полициски патроли и неодамна воведениот систем за наплата на билети, 30-годишен турист од Нов Зеланд скокнал целосно облечен во фонтаната и пливал, игнорирајќи ги предупредувањата на полицијата. Казната што ја добил изнесува 500 евра, заедно со забрана за враќање на тоа место. …

Continue Reading

(Видео) Д-р Трифуновски: Органодарителството како најтешка одлука, остава најсилна светлина позади себе

Д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, апелира за унапредување на органодарителството. -Чинот на органодарителство се јавува во најтешките моменти од животот на едно семејство. Лицето остава порака на своето семејство, а дава шанса за живот на друго лице или …

Continue Reading

Андоновски: Градењето отпорност во сајбер просторот е прашање на соработка и координација

Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, Република Литванија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари билатерална средба со заменик-министерот за национална одбрана на Република Литванија, Томас Годлиаускас. На средбата се разговараше за зајакнување на соработката во областа на сајбер-безбедноста, размена на искуства и градење поотпорни институционални капацитети за справување со современите дигитални закани. Андоновски истакна дека …

Continue Reading

(Видео) Конески: Бројот на стипендии не се намалува, ниту партиципацијата во студентските домови се зголемува, студентите ќе добијат реновирани домови и мотивирачки стипендии

СДС продолжува со своите лаги и манипулации. Откако седум години власт не направија ништо за студенти и не исполнија ниту едно ветување, сега кога студентите имаат партнер во Владата, манипулираат дека стипендиите се намалени, оценува Тодор Конески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Такво нешто, вели тој, нема, стипендиите не се намалени со Законот за студентскиот стандард, бројот на …

Continue Reading

Музичка вечер за Спасовден (20 мај): „Панта Реи“ на Градскиот плоштад во Гевгелија

Како централен настан во рамки на Програмата за одбележување на празникот Вознесение Христово- Спасовден, заштитникот на градот Гевгелија, утре (20 мај 2026 година), со почеток во 20:00 часот, на Градскиот плоштад ќе се одржи Концерт на гевгелиската популарна музичка група „Панта Реи“. Концертот претставува централна активност во рамки на културно-празничната програма, со која Гевгелија и годинава свечено го одбележува својот …

Continue Reading

Управниот одбор на ЗЕЛС на седница за предизвиците со кои се соочуваат општините

На денешната редовна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС беа разгледани актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, при што беа донесени повеќе значајни одлуки во интерес на граѓаните и локалната самоуправа, информираат од Град Скопје. Како една од клучните мерки, Управниот одбор донел одлука за формирање кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел поефикасна координација меѓу општините и институциите …

Continue Reading