Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна состојба, поврзан на респиратор, потврди неговата канцеларија, колегите и лекарите.   Пулмологот Спасоје Попевиќ им изјави на новинарите дека состојбата на министерот Дачиќ е „многу тешка“ и дека лекарите се борат за неговиот живот. „Тој моментално е на механичка вентилација …

Continue Reading

Атлетико ќе гостува во Англија, ПСЖ оди на Челзи или Барса, можен дуел Реал-Сити

Познати се сите 16 учесници во осминафиналето, во овогодинешната Лига на шампиони. Вечерва пласман изборија: Аталанта, ПСЖ, Реал Мадрид и Галатасарај. Сите овие тимови одат на левата страна од костурот, исто како што победниците од вторникот (Атлетико, Њукасл, Баер Леверкузен, Боде/ Глимт) отидоа на десната страна. Познато е кои противници можат да ги добијат победниците во баражот. ПСЖ – Барселона/Челзи …

Continue Reading

Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија. Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Зеленски наведе дека разговарале …

Continue Reading

Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа

Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година. Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија …

Continue Reading

Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија

Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија. Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. …

Continue Reading

(Видео) За „Југославија“ пишуваат и германските медиуми – песната за која деновиве се зборува

„Дојче Веле“ го пренесува пишувањето на германските медиуми за политичките несогласувања што го следат Евросонг. Весникот „Франкфуртер Рундшау“ прашува дали нови расправии би можеле да избијат поради песната „Југославија“, која би можела да ја претставува Србија на натпреварувањето во Виена. Ситуацијата околу песната „Југославија“ на овогодишниот избор за Евросонг предизвика бурни реакции на Балканот, пишува „Дојче Веле“. Станува збор за …

Continue Reading

Европска порака до Орбан: „Она што ѝ го правите на Украина е црвена линија, нашето трпение се троши!“

Белгискиот министер за надворешни работи Максима Прево и германскиот шеф на дипломатијата Јохан Вадефул во Берлин ја осудија заканата на Унгарија со вето на европскиот заем за Украина, еден ден по четвртата годишнина од руската инвазија врз земјата. Вадефул на заедничка прес-конференција со белгискиот колега повторно изрази „запрепастеност“ од однесувањето на Унгарија. „Унгарија мора да разбере дека трпението на останатите …

Continue Reading

Европската комисија предлага укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан

Европската комисија предложи отворање преговори со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија за укинување на роаминг-надоместоците. Како што беше соопштено, откако договорите ќе бидат финализирани и целосно усогласени со правилата на ЕУ за роаминг, нема да има дополнителни надоместоци за повици, СМС-пораки и користење мобилни податоци при патување во земјите на Европската унија. Тоа ќе значи …

Continue Reading

(Фото) Во документите на Епстин, објавена фотографија од Хокинг додека позира со две девојки, семејството тврди: Тоа се негователки

Семејството на починатиот научник Стивен Хокинг тврди дека жените во бикини кои позираат со него на фотографија од документите на Џефри Епстин биле негови долгогодишни негователки. На фотографијата познатиот физичар се смее, а покрај него стојат две жени кои држат, како што изгледа, овошни коктели. Како и кај многу други документи што ги објави американското Министерство за правда, не е …

Continue Reading