Министерот Муцунски учествуваше на настан на Атлантскиот совет во Вашингтон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Вашингтон, учествуваше и се обрати на настан организиран од Атлантскиот совет, посветен на трансатлантските приоритети на Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот Муцунски ги истакна клучните надворешнополитички приоритети на државата, нагласувајќи ја посветеноста кон зајакнување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, како и …

Continue Reading

Бојана Скендеровски стана амбасадор на хуманоста на Домот за деца без родители „11 Октомври“

„Малите дела на добрина можат да го променат светот многу повеќе од големите зборови“ – со оваа порака Бојана Скендеровски сподели значаен момент од својот живот и кариера. Од вчера таа и официјално ја презеде улогата амбасадор на хуманоста на Домот за деца без родители „11 Октомври“, откако беше потпишан меморандум за соработка со директорката на установата. Ова партнерство има …

Continue Reading

Шалтерите на „Водовод“ утре ќе работат само прва смена, понеделник е неработен

ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува корисниците на услугите, дека утре, петок, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат само прва смена од 07:30 до 15:30 часот. Во сабота шалтерите ќе работат од 09:00 до 14:00 часот, а понеделник е неработен ден. Со редовно работно време ќе се продолжи од 14.04.2026 година, вторник, информира …

Continue Reading

Уапсен радовишанец: се сомничи дека предизивикал пожар на планината Плачковица

Вчера во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода 64-годишниот З.К. од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд куќа. Поради сомнение дека го …

Continue Reading

(Видео) Десетта победа во низа за Денвер, Јокиќ за 31 минута до трипл-дабл

Кошаркарите на Денвер Нагетс, изминатата ноќ, ја забележаа 10-та последовна победа во НБА лигата. Во Бол арена, во Колорадо, Денвер убедливо ги порази Мемфис Гризилис со 136:119. Последниот пат кога Денвер имаше двоцифрена серија победи беше во 2013 година, што значи дека ова е прва серија од ваков вид откако Никола Јокиќ го носи дресот на Нагетс. Што се однесува …

Continue Reading

Објавена програмата на Скопскиот поетски фестивал, ќе има стотина поети од земјава и од странство

Шестото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи во периодот 7 до 9 мај во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во „Буква“. На настаните ќе се претстават стотина поети од земјава и од странство. Ќе има гости од Кина, од Хрватска, од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија, од Бугарија и од Црна Гора. „Мотото на годинешниот …

Continue Reading

Поранешен амбасадор на САД во НАТО: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Повторните закани на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување од НАТО и судирите со европските сојузници поради нивното одбивање да се приклучат на војната против Иран доведоа до „најлошата криза“ со која се соочила алијансата досега, предупреди поранешниот амбасадор на САД во НАТО, Иво Далдер. Тој верува дека шестнеделната војна ги исцрпила и американските воени ресурси, објавува Euronews. „Последните шест …

Continue Reading

Министерството за дигитална трансформација: Добиваме сериозна поддршка од Стратешкиот дијалог со САД

Министерството за дигитална трансформација информира дека со усвојување на заедничка изјава успешно заврши Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави во Вашингтон, со конкретни резултати во областа на сајбер-безбедноста и дигиталната инфраструктура. „Соединетите Американски Држави ја најавија својата намера за обезбедување техничка поддршка за зајакнување на дигиталната инфраструктура на институциите во Македонија преку програмата FALCON (Foreign Assistance Leveraged for …

Continue Reading

Претрес во светиниколско: пронајдена дрога, уапсен 25-годишник

Вчера во 16:35 часот во село Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода 25-годишниот А.Т. од село Ерџелија. При претрс во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд Свети Николе, пронајдени се и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага. Тој е приведен во полициска станица и по …

Continue Reading