(Видео) Алекс победи во Херез, Марк не ја заврши трката
Алекс Маркез ја прекина импресивната серија на Марко Беcеки и ја освои Големата награда на Шпанија, додека неговиот брат Марк излета од патеката во вториот круг. Беcеки, Ди Џанантонио и Мартин беа зад Алекс, додека Огура беше петти во конечниот пласман. Со одличен старт, Марк Маркез го задржа првото место и се лансираше пред конкуренцијата, а Бецеки успеа да го …
Continue Reading
Почина 80-годишен маж повреден при несреќа со трактор во Љуботен
На 25 април 2026 година во 09:30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив починал 80-годишниот Н.М. од селото Љуботен, скопско. Според пријавеното, на 20 април 2026 година околу 11:15 часот, тој бил донесен во тешка здравствена состојба со тешки телесни повреди. Несреќата се случила во дворот на неговиот дом, додека го поправал …
Continue Reading
Возач починал откако излетал од патот кај Кичево
На 25 април 2026 година во 15:30 часот во Полициската станица Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на селото Видрани, од коловозот излетало патничко возило фолксваген поло со кичевски регистарски ознаки. Возилото го управувал 62-годишниот Т.С. од селото Другово, кичевско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот. Според изјавата …
Continue Reading
Пешак тешко повреден во сообраќајка во Валандово
На 25 април 2026 година во 11:10 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека на улицата „Пионерска“ во Валандово се случила сообраќајна несреќа. Во несреќата, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот К.С. од Скопје, удрило во 67-годишниот пешак К.Л. од Валандово. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Гевгелија. Увид на …
Continue Reading
Патничка тешко повредена по нагло кочење на автобус во Скопје
На 25 април 2026 година во 16:10 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 74-годишната С.Д. од Скопје. Според пријавеното, додека се превезувала со автобус број 9, кај Бит Пазар, возачот нагло закочил, при што таа паднала и се здобила со повредите. Увид на местото извршила екипа …
Continue Reading
Уапсен возач кој со мазда удрил пешак во Кичево
Од МВР информираат дека е уапсен возач кој со возило мазда удрил пешак во Кичево. Исто така додаваат дека возилото е одземено, а ќе следува и кривична пријава. -На 25.04.2026 околу 10:10 часот во Кичево, во близина на кружен тек на магистралниот пат кон Гостивар, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Х.(57) од Кичево затоа што управувајќи …
Continue Reading
Историска маратонска трка во Лондон, падна рекордот во машка и женска конкуренција
Атлетичарката од Етиопија Тигст Асефа и Кениецот Себастијан Саве, на маратонот во Лондон поставија нови светски рекорди. Атлетичарот од Кенија, Себастијан Саве, делницата од 42 километри и 195 метри ја мина за еден час, 59 минути и 30 секунди. Саве стана првиот атлетичар во историјата што истрчал маратон за помалку од два часа. Тој го собори претходниот светски рекорд – …
Continue Reading
Полицијата уапси пијан возач
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на ноќта меѓу 25 и 26 април, во периодот од 21 до 03 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот спровела засилена акциска контрола на подрачјето на општините Кисела Вода, Илинден и Ѓорче Петров. При контролата санкционирани биле осум возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, додека две лица одбиле алкотестирање. …
Continue Reading
Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон
По вооружениот инцидент на вечерата со дописниците во Вашингтон, на која присуствуваа претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија, светските лидери го осудија нападот. Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека насилството нема место во политиката и им се заблагодари на полицијата и специјалните сили за нивниот брз одговор. И германскиот канцелар Фридрих Мерц наведе дека „насилството …
Continue Reading