Променливо време со врнежи до четврток, најобилни на исток
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне и во текот на ноќта во јужните и западните делови се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец, со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а максималната ќе …
Continue Reading
Полицијата трага по возач кој прегазил малолетник во Балиндол и побегнал
Во Медицинскиот центар во Гостивар бил донесен малолетник од селото Балиндол со тешки телесни повреди, откако бил удрен од возило кое го напуштило местото на настанот. Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар на 12 април во 20:10 часот. Според информациите, несреќата се случила околу 16:00 часот во близина на училиштето во селото. По укажаната медицинска помош, надлежните институции преземаат мерки …
Continue Reading
Катар до Иран: Поморските рути не смеат да се користат како притисок
Катар му порача на Иран дека поморските правци не смеат да се користат како средство за притисок, предупредувајќи на последиците за глобалната енергетска сигурност и меѓународната стабилност. Во телефонски разговор, катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани му нагласил на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи дека е важно да се одржат отворени поморските …
Continue Reading
„Да престане со убивањето и да ја заврши војната“: Маѓар со порака до Путин по изборната победа
По изборната победа во Унгарија, Петер Маѓар изјави дека новата влада ќе има прагматичен однос со Русија и ја поздрави пораката од Кремљ за почитување на изборните резултати. Тој најави и ревизија на договорите за проширување на нуклеарната централа Пакс, оценувајќи го проектот како „преценет“, со можност за повторни преговори или раскинување. Говорејќи за можен разговор со Владимир Путин, Маѓар …
Continue Reading
Четирицикл излетал од патот во Тетовско, двајца млади завршија во болница со повреди
На регионалниот пат Тетово–село Јажинце, во тетовското село Одри, се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со тетовски регистарски ознаки излетал од коловозот. Несреќата била пријавена во СВР Тетово на 12 април во 12:35 часот, а со четирициклот управувал М.Ќ. (19) од село Теарце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А. (20) од село Слатино, кој бил …
Continue Reading
Муцунски по обидот за палење на синагогата: Апсолутно неприфатливо, сторителите ќе одговараат
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, го осуди oбидот да се опожари синагогата во Скопје, оценувајќи го како „апсолутно неприфатлив“. „Нема место за вакви дела во Македонија“, порача Муцунски, додавајќи дека во тек е истрага и дека сторителите ќе сносат одговорност. The arson attack on the Jewish Community building and synagogue in Skopje – on Easter – is utterly unacceptable …
Continue Reading
Трамп го нападна папата, Лав XIV возврати: „Не се плашам“
Доналд Трамп упати остри критики кон папата Папа Лав XIV, нарекувајќи го „слаб“ по прашањето на криминалот и „ужасен“ во водењето на надворешната политика. Папата претходно ја оцени како „неприфатлива“ заканата на Трамп за уништување на иранската цивилизација и повика на подлабоко размислување за третманот на мигрантите во САД. Во својата објава, Трамп изјави дека не е „голем обожавател“ на …
Continue Reading
Маѓар: Претседателот, кој е марионета, веднаш да го свика парламентот
Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Унгарците вчера испишаа историја, на својата прва прес-конференција по победата над Виктор Орбан на парламентарните избори. Тој информираше дека неговата партија ќе има 138 од вкупно 199 пратеници во парламентот, иако дел од гласовите сè уште се пребројуваат, оценувајќи го резултатот како „мандат каков што досега не е виден“. Маѓар ја обвини партијата Фидес …
Continue Reading
Американската морнарица воведува целосна блокада на Иран: најавени упади и заплени на бродови
Американската војска ќе воведе поморска блокада во Оманскиот Залив и Арапското Море, источно од Ормускиот теснец, која ќе се однесува на целиот поморски сообраќај без разлика на знамето на бродовите, пренесува Ројтерс. Според соопштението на Централната команда на САД за Блискиот Исток, Центком, бродовите што без одобрение ќе влезат или излезат од блокираната зона ќе бидат изложени на „пресретнување, пренасочување …
Continue Reading