Кичевец излетал од патот со „голф“, возел со активна забрана и одбил алкотест
Триесет и двегодишен кичевец е лишен од слобода по сообраќајна незгода и сомнение за „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР. Според полицијата, на 9 септември во 03:10 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Д.С. (32) од Кичево. Тој, управувајќи „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, на кружен тек на …
Continue Reading
Недела на македонската култура во Албанија: полни сали и настапи на повеќе од 70 уметници
Од 3 до 6 септември, во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана и директорката Ема Попивода, во Албанија се одржа Неделата на македонската култура. Со учество на повеќе од 70 уметници од Македонија, во Тирана, Драч и Корча се одржаа настани за паметење, проследени од многубројна публика. За програмата известуваа бројни албански медиуми, а македонските уметници гостуваа и во …
Continue Reading
Ангелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењето
Во моментот нема алармантни пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека опасноста од пожари и натаму постои, но дека најавените врнежи од УХМР за попладневните часови во западните делови од земјата би можеле да помогнат во нивното гаснење. Пожарот кај Рамно сè уште е активен, но е значително намален. „Очекувам денес целосно …
Continue Reading
Аеродром домаќин на 100-часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“
Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги обединува спортот, дружењето и хуманоста. На стартот пред СЦ „Јане Сандански“ се собраа голем број деца, родители, љубители на спортот и граѓани кои со своето учество придонесуваат за една важна хуманитарна цел. „’No Finish Line Skopje’ не е трка за …
Continue Reading
(Видео) Жерновски: Мицкоски нема резултати, му остана само кампањата „Талог“ за поделби и навреди
Наместо единство, наместо повикување на заедништво и прослава на државноста, повторно се активираше кампањата „Талог“ на премиерот Мицкоски за време на говорот за независноста, критикува Социјалдемократскиот сојуз. Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, на прес-конференција рече дека Мицкоски најпрво повикал граѓаните да не се делат, а потоа продолжил со поделби. „Пораката е сосема јасна. Операцијата „Талог“, која всушност …
Continue Reading
Од њујоршката џез-сцена до Скопје: Dan Pugach со Националниот џез оркестар
На 7 октомври во Националната опера и балет, Националниот џез оркестар ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт со Dan Pugach, еден од позначајните автори, аранжери и тапанари на современата њујоршка џез-сцена. Во Скопје, Dan Pugach доаѓа со двајца исклучителни музичари од њујоршката џез-сцена – вокалистката Nicole Zuraitis и трубачот Jonathan Saraga. Pugach, композитор, аранжер и тапанар, во 2025 …
Continue Reading
Мерц ја нападна АфД: „Ремиграцијата“ во практика значи етничко чистење
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини партијата Алтернатива за Германија (АфД) дека ја поддржува Русија на штета на германските интереси и дека промовира антиимиграциска политика која ја спореди со „етничко чистење“, објави Ројтерс. Обраќањето на Мерц пред Бундестагот следува откако неговата партија оствари значително послаб резултат од АфД на изборите минатиот викенд. АфД победи во источната сојузна покраина Саксонија-Анхалт со …
Continue Reading
„Бог на колежот“ на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица
Наградуваната копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, по освоеното Гран при на „Денови на комедија“ пристигнува пред струмичката публика. На 9 септември, со почеток во 19.30 часот, во рамките на 34. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, публиката ќе има можност да ја проследи претставата „Бог на колежот“ – провокативна театарска приказна што отвора низа прашања и создава силен …
Continue Reading
Дел од Чаир утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на улицата Коста Абрашевиќ б.б, без вода ќе останат корисниците од улиците Коста Абрашевиќ, Панче Неделковски и Серава, во општина Чаир. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Continue Reading