Зеленски бара помош од Трамп за користење на „Старлинк“ за украински напади врз цели во Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од американскиот претседател Доналд Трамп и други високи американски функционери да помогнат да се добие одобрение од Илон Маск за користење на сателитскиот комуникациски систем „Старлинк“ при насочување украински напади врз цели на руска територија. Барањето за проширување на употребата на „Старлинк“ доаѓа во момент кога Киев бара алтернативи за намалување на зависноста од американските …

Continue Reading

Трамп почна да наплаќа брз пристап до неговите објави: Волстрит ќе плаќа 100.000 долари месечно

Компанијата на американскиот претседател Доналд Трамп од денеска почнува да ја нуди услугата „Truth API“, со која инвеститорите и трговците на Волстрит ќе можат за 100.000 долари месечно да добиваат ултрабрз пристап до неговите објави на платформата Truth Social. Според францускиот медиум France 24, услугата им овозможува на претплатниците да ги добијат објавите за економската политика, царините, војните и другите …

Continue Reading

Санчез ги обвини европските влади за политизирање на мигрантската криза во Сеута

Шпанскиот премиер Педро Санчез ги обвини дел од европските влади дека во кризата со мигрантите во Сеута реагираат водени од „предрасуди, лажни вести, незнаење или политички интереси“. Во писмо упатено до раководството на европските институции, Санчез ја оцени реакцијата на дел од партнерите на мигрантската ситуација во шпанската автономна енклава како „себична, поларизирачка и незаконска“ и побара итен состанок на …

Continue Reading

Украина ја префрла офанзивата кон руската поморска логистика

Украина влезе во нова фаза од нападите врз руската енергетска и транспортна инфраструктура, проширувајќи ги операциите од нафтените рафинерии и складишта кон поморската логистика во Црното и Азовското Море. Според украински извори, по повеќе од две години напади врз руската нафтена индустрија со цел да се наруши снабдувањето на руската армија и економија, дроновите сега сè почесто ги таргетираат танкерите, …

Continue Reading

САД ги предупредија граѓаните на Блискиот Исток: Подгответе се за можно заминување поради ескалација

Американските амбасади во неколку престолнини на Блискиот Исток ги повикаа американските државјани да бидат внимателни и подготвени за евентуално заминување поради можност од „непредвидена ескалација“ на регионалниот конфликт. Безбедносното предупредување било објавено од американските мисии во Каиро, Аман, Ерусалим и Багдад. Во него се наведува дека Американците во регионот треба да размислат за напуштање на областа или да бидат подготвени …

Continue Reading

18 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, 17 возеле без дозвола

Полицијата во изминатото деноноќие лиши од слобода 18 возачи поради безобѕирно управување возило на територијата на целата држава. Од МВР информираат дека 17 од приведените возачи управувале возила без возачка дозвола. Петмина од нив биле затекнати во Скопје, тројца во Прилеп, а по едно лице во Битола, Кочани, Делчево, Кичево, Валандово, Гевгелија, Велес, Неготино и во тетовско. Еден од возачите …

Continue Reading

Големи шумски пожари во Грција, евакуации во близина на Атина

Шумски пожари денеска беснеат во повеќе делови на Грција, вклучително и во близина на Атина, а силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето и евакуацијата на загрозеното население. Грчките власти издадоа предупредувања за опасност од пожари во неколку области во регионите Атика и Евиа. Од вчераутро низ земјата се пријавени повеќе од 70 шумски пожари, а високите температури, сувото време и …

Continue Reading

Украл пари и цигари од продавница во Лојане: приведен 26-годишник

Полицијата приведе 26-годишен жител на село Лојане, осомничен дека извршил кражба во трговски објект во селото. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 31 јули 2026 година во 15:40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишиле од слобода Р.Б. (26) од село Лојане. Апсењето уследило по претходна пријава дека во текот на ноќта меѓу 30 и 31 …

Continue Reading

Фон дер Лајен: Повеќето мигранти што влегоа во Сеута се вратени во Мароко

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека благодарение на ефикасната работа на полициите на Шпанија и Мароко, најголемиот дел од мигрантите кои нелегално влегле во шпанската енклава Сеута се вратени назад во Мароко. Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс напиша дека разговарала со европскиот комесар за миграции Магнус Брунер и комесарката за Медитеранот Дубравка Шуица за …

Continue Reading