Променливо облачно време со сончеви периоди: наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал …
Continue Reading
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-100 мм на улицата Мирослав Крлежа бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со активностите.
Continue Reading
Чави стана селектор на Холандија
Шпанскиот стручњак Чави Ернандез е новиот селектор на Холандија, објави Фудбалскиот сојуз на Холандија. Како што беше објавено, 46-годишниот Шпанец го наследи Роналд Куман и потпиша четиригодишен договор со челниците на ФС Холандија. Чави ќе дебитира на клупата на „Лалињата“, на 24 септември против Германија во Лигата на нации, а во истото натпреварување ќе гостува во Белград три дена подоцна. …
Continue Reading
Ријера ќе ја преземе Црвена звезда
Шпанецот Алберт Ријера ќе биде новиот тренер на српскиот шампион, Црвена звезда. Неговата промоција ќе биде во четврток, кога и ќе биде потпишан договорот, најверојатно на две сезони. Ријера ќе биде промовиран на стадионот „Рајко Митиќ“, а на истото место ќе дебитира во четврток, 20 август, кога Црвена Звезда ќе се сретне со Викторија Плзењ во плејофот за пласман во …
Continue Reading
(Видео) ПСЖ го одбрани трофејот од Суперкупот
Фудбалерите на Пари Сен Жермен го освоија Суперкупот на УЕФА откако во Салцбург беа подобри од победникот на Лигата на Европа, тимот на Астон Вила. Натпреварот на „Ред Бул Арена“ заврши со резултат 2:1 (1:1). Головите ги постигнаа Хвича Кварацкелија во 20-та минута и Дезире Ду во 61-та минута за ПСЖ, а 17-годишниот дебитант Брајан Маџо во 45-та минута за …
Continue Reading
Трамп: САД имаат целосна контрола над Ормускиот теснец
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД имаат целосна контрола над стратешки важниот Ормутски теснец и дека ќе ја задржат. „САД имаат целосна контрола над Ормутскиот теснец. Мислам дека ќе ја задржиме“, напиша Трамп на „Truth Social“. Тој додаде дека американската поморска блокада ја нарекуваат „челичен ѕид“ и дека Иран не може ништо да направи против неа. Иран, од друга …
Continue Reading
Продолжува потрагата по двајцата исчезнати кај Крк: „Веруваме дека се живи“
Потрагата по двајцата мажи кои исчезнаа во морето продолжува, а спасувачките служби веруваат дека ќе ги пронајдат живи. Претходно биле пронајдени две лица, додека по преостанатите двајца интензивно се трага. Координаторот за спасување Мирко Рашиќ од Националната централа за координација на потрагата и спасувањето на море, за централниот дневник на ХТВ изјави дека веруваат оти исчезнатите се живи. Одлуката дали …
Continue Reading
Пожарот кај Студеничани сè уште активен – долга е линијата на огнот
Пожарот кај Студеничани, во атарот на селото Рамни Габер, и понатаму е активен и ќе продолжи во текот на ноќта, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Денес дејствуваа трите ер-трактори, кои успеале да го забават ширењето на огнот, но пожарот сè уште не е изгаснат. На терен имаше и припадници на Противпожарната бригада и возила на ДЗС. Гаснењето продолжува.
Continue Reading
„Можности без граници“ – Националната агенција го одбележа Меѓународниот ден на младите
Денес во Јуроп хаус, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го одбележа Меѓународниот ден на младите со настанот насловен „Можности без граници“, посветен на младинското учество, европските можности и личните приказни на младите кои преку различни програми ги прошириле своите знаења, искуства и хоризонти. Настанот беше отворен со обраќања на директорката на Националната агенција, Ана Михајлов, министерот за …
Continue Reading