(Видео) ПСЖ го одбрани трофејот од Суперкупот


14211081.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го освоија Суперкупот на УЕФА откако во Салцбург беа подобри од победникот на Лигата на Европа, тимот на Астон Вила. Натпреварот на „Ред Бул Арена“ заврши со резултат 2:1 (1:1).


Головите ги постигнаа Хвича Кварацкелија во 20-та минута и Дезире Ду во 61-та минута за ПСЖ, а 17-годишниот дебитант Брајан Маџо во 45-та минута за Астон Вила.

Интересно е што натпреварот се одигра на 56-тиот роденден на Пари Сен Жермен. Клубот од француската престолнина е основан на 12 август 1970 година.

Пари Сен Жермен предводен од Луис Енрике успеаја да го одбранат пехарот освоен минатата година во Удине кога го победија Тотенхем (на пенали) и со тоа станаа третиот тим – по Милан (1989, 1990) и Реал Мадрид (2016, 2017) – кој успеа да го одбрани трофејот во ова натпреварување.

Ова беше 51-то издание на Суперкупот на УЕФА, а победата на Парижаните ја продолжи доминацијата на европските шампиони. Соодносот е 31:20 во победи.

Натпреварот го судеше 34-годишниот сомалиски судија Омар Абдулкадир Артан, што е историски преседан. Никогаш порано судија надвор од Европа не ја делел правдата во финале на Суперкупот на УЕФА.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK