Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД имаат целосна контрола над стратешки важниот Ормутски теснец и дека ќе ја задржат.
„САД имаат целосна контрола над Ормутскиот теснец. Мислам дека ќе ја задржиме“, напиша Трамп на „Truth Social“. Тој додаде дека американската поморска блокада ја нарекуваат „челичен ѕид“ и дека Иран не може ништо да направи против неа.
Иран, од друга страна, тврди дека контролира поголем дел од пловниот пат и планира да воведе наплата за преминување.
Трамп најави дека САД ќе се фокусираат на блокада на иранските пристаништа, што го опиша како „повоздржан пристап“. Ормутскиот теснец е клучен за транспортот на енергенси и стоки од Блискиот Исток.