Целосна забрана за движење во шумските подрачја на Халкидики поради висок ризик од пожари

Поради високата опасност од избувнување и ширење шумски пожари, во одредени шумски подрачја на Халкидики и денес, 16 август, е во сила целосна забрана за движење на пешаци и возила. Забраната стапила во сила во 8 часот утрово и ќе трае до 8 часот во понеделник, 17 август. Таа се однесува на полуостровите Касандра и Ситонија, подрачјето од Комица до …

Continue Reading

Надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија згаснуваат, се извлекуваат тела од под урнатините

Надежите за пронаоѓање преживеани по силниот земјотрес во западна Колумбија згаснуваат, откако спасувачките екипи и петтиот ден по катастрофата продолжуваат да извлекуваат тела од под урнатините. Најмалку 294 лица загинаа, 320 и натаму се водат како исчезнати, а речиси 4.000 се повредени, покажуваат најновите податоци на колумбиската служба за управување со катастрофи. Повеќе од две третини од жртвите се регистрирани …

Continue Reading

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, настрадаа и бебиња

Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон. Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти. Маж кој првично бил пријавен за исчезнат по поплавите во селото Мансанедо де Валдуеса, подоцна бил пронајден неповреден. На …

Continue Reading

На Богородица се чека околу еден час, на Табановце 30 минути

Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). На граничниот премин Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на Богородица се чека околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Continue Reading

Шест пожари и натаму горат низ Македонија, 22 се изгаснати во текот на ноќта

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, шест пожари се активни, еден е ставен под контрола, додека 22 се целосно изгаснати. Активни пожари има во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес и Зелениково, Јегуновце и Сарај, Крушево и Крива Паланка. Најголем дел од …

Continue Reading

Нов случај на западнонилска треска во Арачиново

Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во Македонија се зголеми на 34, откако се регистрирани уште три нови случаи, соопшти Центарот за јавно здравје. За првпат оваа сезона вирусот е детектиран и кај жител на Арачиново, каде што, според епидемиологот Љуљзиме Бајрами, постојат услови за размножување на комарците поради канали, базени и застојани води. Најголем број случаи досега се …

Continue Reading

Сончево време со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени. Во …

Continue Reading

(Видео) Ѓоковиќ се мачеше и испадна од мастерсот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ, доживеа колапс и го заврши учеството во Синсинати веќе во второто коло, откако загуби од Тијаго Агустин Тиранте со 6:2, 4:6, 4:6. Српскиот ас го отвори мечот на најдобар можен начин и го доби првиот сет без поголеми проблеми. Ѓоковиќ двапати го освои сервисот на противникот, додека Тиранте не можеше да најде решение за играта на првиот носител. …

Continue Reading

Автобус со 84 српски туристи излетал од патот во Бугарија: Нема повредени

Автобус со 84 патници, сите државјани на Србија, излетал од коловозот во Бугарија, но во несреќата нема повредени, соопшти Амбасадата на Србија во Бугарија. Несреќата се случила кај исклучувањето за Панѓуриште, во правец кон Софија. Двокатниот автобус ја пробил заштитната ограда и завршил на блиската нива. По несреќата, сите патници безбедно го напуштиле автобусот и биле пренесени до блиската бензинска …

Continue Reading