(Видео) Туристи во танги се качуваат во потопената црква во Мавровското Езеро
Тони Чаловски попладнево на својот фејсбук-профил објави неколку фотографии на кои се гледа како лица во костими за капење се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на делумно потопената црква „Св. Никола“ во Мавровоското Езеро. Тој ги повика надлежните да интервенираат за ваквото непочитување на црковниот објект. Чаловски тврди дека станува збор за посетители кои пристигнуваат со комбиња и се качуваат …
Continue Reading
Видео од марихуаната која беше запленета од меѓународната криминална група
ОД МВР информираат дека со повеќемесечна истрага е дојдено до сузбивање на меѓународна криминална група за транспорт на марихуана. -Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и во рамки на меѓународната соработка со надлежните служби од Косово и Грција, спроведе повеќемесечна истрага за организирана криминална …
Continue Reading
(Видео) Невреме и пожари во Грција
Поплави на Пелопонез и голем пожар на островот Скирос ги ставија грчките служби за цивилна заштита пред сериозен предизвик за време на викендот. Силно летно невреме во саботата го погоди регионот Мани, во југозападниот дел на Пелопонез, предизвикувајќи поплави и проблеми на патиштата и инфраструктурата. За околу два часа наврнале 140 литри дожд на квадратен метар во источниот дел на …
Continue Reading
Пожар во хотел во Албанија, повредени се шест лица
Повеќе туристи се повредени во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин“ во приморскиот албански град Валона, при што петмина од повредените се туристи од Косово, а еден е албански државјанин. Петмина од повредените биле пренесени на лекување во Тирана, додека еден од нив е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца пациенти се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка …
Continue Reading
Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани по што вечерта биле приведени. – Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа …
Continue Reading
Шокантна изјава на Бен-Гвир: „Убивајте по 30 до 40 Палестинци секоја ноќ“
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, јавно заговара убивање 30 до 40 луѓе во Газа секој ден. Тој тоа го изјави во подкаст-разговор со Ром Браславски, поранешен заробеник во Газа. Двајцата разговараа за опоравувањето на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Бен-Гвир критикуваше и …
Continue Reading
Влегол кај девојката, ѝ го скршил телефонот, па ја тепал
Триесет и седумгодишен гостиварец е лишен од слобода откако прво вербално ја нападнал својата 32-годишна девојка во нејзиниот дом, а потоа ѝ го одзел и искршил мобилниот телефон и физички ја нападнал пред зградата. Инцидентот се случил на 15 август околу 23:20 часот, кога полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Д. (37) од Гостивар. Според пријавеното, …
Continue Reading
Заталкани куршуми оштетиле гаража и завршиле во двор во Драчево и Студеничани
Два одделни случаи со заталкани зрна од огнено оружје биле пријавени во СВР Скопје во текот на вчерашната вечер, при што во едниот случај било оштетено покривното платно на гаража. Во 20:45 часот, 39-годишниот С.Ј. од Скопје пријавил дека во близина на неговата куќа, на подрачјето на Драчево, пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Само 25 минути подоцна, во 21:10 …
Continue Reading
Со остар предмет се заканувал на вработена во обложувалница, 20-годишник приведен во Бит Пазар
Дваесетгодишен скопјанец е лишен од слобода откако, според пријавата, со остар предмет се обидел да ограби вработена во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар. На 15 август, околу 19:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А. (20) од Скопје, по претходна пријава дека во обложувалницата ѝ се заканувал на вработената со остар предмет со намера …
Continue Reading