Сали: 30 години партнерство со ЕУ, сега е време за резултати
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска се обрати на настанот по повод одбележувањето на 30 години односи меѓу Северна Македонија и Европската Унија, во присуство на амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека европската интеграција останува стратешки приоритет на државата, нагласувајќи дека по завршувањето на скрининг процесот, …
Continue Reading
Перез ги разгледува условите што ги поставил Мурињо
Реал Мадрид завршува, благо кажано, неуспешна сезона во која (скоро сигурно) нема да го освои шпанското првенство, додека „кралскиот клуб“ беше елиминиран во четвртфиналето од Лигата на шампионите по двомечот со Баерн Минхен, во истата фаза испадна и во Купот на Шпанија. Јасно е дека претседателот Флорентино Перез ќе мора да направи големи промени во клубот, а веќе некое време …
Continue Reading
Зеленски во пресрет на руската парада: Тие го прекршија примирјето, ќе одговориме со иста мера
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија го прекршила прекинот на огнот што го воведе Киев почнувајќи од полноќ синоќа, додавајќи дека Украина ќе одговори со иста мера. Зеленски ја обвини Русија дека го игнорира договорот од самиот почеток и продолжува со нападите, пишува „Украинска правда“. „По вчерашните дивјачки напади врз нашите градови и заедници – Днепар, Запорожје, Краматорск и …
Continue Reading
Општина Кисела Вода го одбележа патрониот празник Ѓурѓовден
Општина Кисела Вода денеска го одбележа својот патрон празник, 6 мај, Ѓурѓовден. Годишното чествување понуди содржајна програма. Во знакот на духовноста, традицијата и обичаите беа сите активности кои го одбележаа овој ден, спојувајќи ги верските чествувања со културното наследство и пренесувањето на вредностите на новите генерации. Празнувањето започна утринава со свечена литургија во црквата „Свети Ѓорѓи“, на која заедно со …
Continue Reading
Хантавирусот пристигна во Швајцарија: заразен патник се врати од крузер
Маж заразен со хантавирус се лекува во Универзитетската болница во Цирих, објавија денес швајцарските власти, нагласувајќи дека во моментов нема опасност за населението на Швајцарија. Пациентот претходно бил патник на луксузниот крузер „MV Hondius“, на кој избувна епидемија на хантавирус за време на пловидбата во Атлантскиот Океан. Според податоците од Федералната канцеларија за јавно здравје (FOPH), мажот и неговата сопруга …
Continue Reading
Пезешкијан: Иран никогаш нема да се покори на американските закани и притисок
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран го отфрла јазикот на заканите и никогаш нема да се покори на американското „насилно однесување“. Пезешкијан го изјави ова вчера во телефонски разговор со ирачкиот премиер Али Фалех ал-Заиџди, за време на кој разговараа за предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот по американско-израелската агресија врз Иран, пренесува „Прештв“. „Исламската Република Иран …
Continue Reading
(Видео) Детските игралишта во Аеродром се небезбедни, градоначалникот итно да ги реконструира, бараат од СДСМ
Руинирани, оштетени, неосветлени и небезбедни се детските игралишта во Аеродром. Нередовните поправки на игралиштата кои често се предмет на вандализам се закана по безбедноста на најмладите жители на нашата општина. Со неработењето на градоначалникот Дејан Митески и ВМРО-ОКГ во Општина Аеродром ваква е сликата буквално на секое детско игралиште, истакнуваат од СДСМ. Најкритична, како што додаваат, е состојбата со игралиштето …
Continue Reading
Малолетник се заканувал со автоматска пушка во Шипковица
Шеснаесетгодишен малолетник се заканувал со автоматска пушка во село Шипковица. Според информациите на МВР, СВР Тетово поднесе известување против 16-годишник од село Шипковица, тетовско и 16-годишник од село Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во село Шипковица, пријавените физички го нападнале З.И. во неговиот двор, при што првопријавениот …
Continue Reading
Скопјанец починал додека возел
Шеесет и едногодишен скопјанец утрово починал додека возел автомобил. Според информациите на МВР, денеска во 09:03 часот во СВР Скопје е пријавено дека во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на ул.„Перо Наков” во Скопје бил пронајден починат Н.Ј.(62) од Скопје. Според пријавеното, тој починал додека го управувал возилото. Смрт констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот …
Continue Reading