Британски „Телеграф“: АфД има план да ја уништи Европската Унија

Десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) во Германија подготви план за радикална реорганизација на Европската Унија, која, во случај на неуспех, би довела до распишување референдум за излез на Германија од блокот, пишува британски „Телеграф“. Лидерката на АфД, Алис Вајдел, отворено објавува дека ЕУ сака да се претвори во лабав сојуз на суверени држави ако го отстрани канцеларот Фридрих Мерц …

Continue Reading

Севернокорејскиот лидер нареди поинтензивна воена обука: „Подготовката за војна е примарна задача“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги повика командантите на четите да ја интензивираат обуката и да ја подобрат борбената готовност, означувајќи ја како нивна „примарна револуционерна задача“, објавија денес државните медиуми. „Примарната револуционерна задача на командантите на четите е да ги завршат борбените подготовки на своите единици за да бидат целосно подготвени за водење војна, а начинот да се постигне ова …

Continue Reading

(Видео) Наставничка во Германија била на боледување 17 години, а примала плата: се соочува со можна затворска казна

Наставничка од Дизбург, Германија, е под истрага на јавното обвинителство поради сомневање за измама, откако поминала речиси 17 години на непрекинато боледување, притоа примајќи целосна плата, пренесува „Велт“. Надлежното јавно обвинителство покрена постапка против неа откако се открило дека, како државен службеник, таа речиси 17 години примала целосна плата, а во текот на целиот тој период не одржала ниту еден …

Continue Reading

(Видео) Лацио броеше до шест… И промаши два пенали

Фудбалерите на Лацио славеа убедлива победа против Сасуоло, во Реџо Емилија со 6:2. Екипата од Рим можеше да слави и поубедливо, играчите на Џенаро Гатузо промашија два пенали. Натпреварот само штп започна, се играше втората минута, кога Густав Исаксен испрати совршена топка, а Кенет Тејлор ја затресе мрежата. Сепак, одговорот на Сасуоло беше исто така експресен. Во седмата минута, Кристијан …

Continue Reading

Министерство за енергетика: Напредува гасоводот со Грција, се подготвува интерконекторот со Србија и се работи на оспособување на домашната мрежа

Изградбата на интерконективниот гасовод со Грција, подготовката на гасното поврзување со Србија и активностите за оспособување на изградените домашни делници се конкретните процеси преку кои продолжува развојот на гасната инфраструктура во Македонија. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и НОМАГАС работат на создавање услови за посигурно снабдување, пристап до различни извори на природен гас и поголема регионална поврзаност, информираат …

Continue Reading

(Видео) Флитвуд го исфрли Арсенал од Лига купот

Членот на англиската Лига 2 (четврти ранг), Флитвуд ја приреди најголемата сензација во европскиот фудбал, од почетокот на сезоната. Во осминафиналето, на Лига купот, Флитвуд го елиминира англискиот првак Арсенал. Клубот од градот со 26.000 жители, ја слави најголемата победа во својата историја. По изведувањето пенали, Флитвуд го победи Арсенал со 5:3, во регуларниот тек натпреварот заврши 1:1. Флитвуд поведе …

Continue Reading

(Видео) Луѓе платиле за да живеат на крузер: сега им е кажано да заминат поради цените на горивото

Американскиот, таканаречен „станбен крузер“ го прекина своето патување околу светот и моментално е закотвен во Камбоџа. Поради високите трошоци за гориво, стотици патници мораа да го напуштат бродот, кој беше рекламиран како спој на долгорочен живот на море и патување околу светот. Бродот Odyssey исплови пред две години на планирано тригодишно патување низ седум континенти, пишува „Индипендент“. Скокот на цените …

Continue Reading

Француската влада попушта пред притисокот на студентите, најавува големи реформи

Француската влада најави серија промени во образовниот систем за да одговори на барањата на студентите и протестите што ја зафатија земјата. Меѓу предложените мерки се намалување на бројот на ученици во одредени одделенија, инвестиции во реновирање на училишните згради и промени во системот за прием на факултети. Владата објави дека ќе се воведе поголема транспарентност за прием на факултети во …

Continue Reading

Трамп се пофали дека му помогнал на Нетанјаху: „Мислам дека мојата поддршка многу му помогна“

Американскиот претседател Доналд Трамп рано наутро во средата изјави дека неговата поддршка му помогнала на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да постигне подобар од очекуваниот резултат на парламентарните избори во Израел. Прелиминарните резултати покажаа дека блокот на Нетанјаху води, но нема мнозинство за да формира влада, со помалку од половина од преброените гласачки ливчиња. Според податоците достапни во раните утрински часови, …

Continue Reading