Кога ќе раскинат, нема враќање назад: Овие три хороскопски знаци нема да ви дадат втора шанса

Тие ќе ви дадат сто и една шанса, но штом еднаш одлучат дека е крај, многу е тешко да ги вратите назад или повторно да ја стекнете нивната доверба. Некои луѓе со месеци по раскинувањето ја преиспитуваат својата одлука, додека други си заминуваат дури откако ќе се уверат дека врската навистина завршила. Според астролошките толкувања, овие три хороскопски знаци се …

Continue Reading

(Фото) Четвртоодделенците од Основното училиште „Лазо Трповски“ наградени на меѓународен натпревар во Берлин

Во ООУ „Лазо Трповски“, денеска се одржа свеченост по повод големиот успех на учениците од четврто одделение, кои освоија престижна награда на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026 во Берлин. На свеченоста присуствуваше градоначалникот Сотир Лукровски, и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски, кој на учениците им ги врачи пофалниците за нивниот успех и врвно …

Continue Reading

(Видео) „Вмровската ароганција кулминира – во Кисела Вода посегнаа да бркаат од седница советник кога не им се допаѓа вистината“, велат од Левица

„Претседателката на Советот на Општина Кисела Вода, Светлана Колариќ, посегна по обезбедување за да го отстрани од седницата советникот на Левица, Петар Здравевски. Наместо да обезбеди нормална расправа и еднакво право на збор, раководството на Советот демонстрираше чиста вмровска ароганција и антидемократски манири – политичкиот противник да не се побива со аргументи, туку да му се заканува и со физичко …

Continue Reading

Шасивари: Европските стандарди мора доследно да се применуваат во секоја одлука за притвор

Министерот за правда, Јетон Шасивари, присуствуваше на промоцијата на „Прирачникот за примена на мерката притвор низ призмата на членот 5 од Европската конвенција за човекови права. Во своето обраќање, министерот Шасивари истакна дека прирачникот доаѓа во особено значаен момент и претставува важна практична алатка за унапредување на судската и обвинителската практика и за доследна примена на европските стандарди во областа …

Continue Reading

Мицкоски: 1,4 милијарди евра за странски инвестиции, двојно повеќе од претходната влада

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кои се резултатите коишто ги постигна Владата во последните две години во делот на привлекувањето на инвестициите и за тоа колку инвестиции влегоа во последниот период, изјави: „Видете, она кое што можам да го кажам е дека, ако се прави анализа, да …

Continue Reading

Уапсен скопјанец: ја истепал поранешната партнерка во неговиот дом во Кисела Вода

Ноќеска во 00:55 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 48-годишниот В.С. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Малолетничка вознемирувана и допирана по телото од пријател на својот очув: случајот го пријавила нејзината мајка

Вчера во СВР Скопје, 45-годишна жена пријави дека нејзината малолетна ќерка била вознемирувана и допирана по телото од 63-годишниот М.Г., пријател на нејзиниот сопруг, 46-годишниот Б.М., кој е очув на нејзината ќерка. Истиот ден, 45-годишната жена пријавила и дека на 05.09.2026 во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.М.(46). Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што ќе …

Continue Reading

Вооружен грабеж во обложувалница во Ѓорче Петров

Вчера во 09:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 08:30 часот во обложувалница на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со закана со пиштол од вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Масовна тепачка во двор во куќа во Тетово: кривична против пет лица

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ш.И., 25-годишниот Ф.И., 38-годишниот Ш.И., 28-годишниот Б.И. и 51-годишниот А.И., сите од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 25.06.2026 во дворот на семејна куќа во Тетово, каде што живеат пријавените, по претходна расправија помеѓу двајца од пријавените, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Continue Reading