Неименуван клуб од Премиер лигата ќе плати 115 милиони евра за Бруно Гимараеш

Бразилскиот играч од средниот ред Бруно Гимареш (28), кој се приклучи на Њукасл пред две години, а за чии услуги се заинтересирани Барселона, ПСЖ и Арсенал, би можел да го напушти клубот уште во јануари. Според најновите информации од Англија, активирана е неговата откупна клаузула, но не е од споменатите клубови, туку од засега неименуван клуб од Премиер лигата. Според …

Continue Reading

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“

Новогодишниот период носи посебна атмосфера – време кога сме поблиску едни до други, славиме нови почетоци, истовремено осврнувајќи се на годината што изминува. Во овие празнични денови секогаш го бараме идеалниот подарок што ќе ги израдува нашите најблиски. Вистинската вредност на подарокот се мери со насмевките и среќата што ја носи, па токму затоа овој период е совршен за подарување …

Continue Reading

Герасимовски: Почна новогодишната магија во нашите градинки, детската насмевка е најубавиот украс на празниците

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска беше дел од празничната магија на предновогодишниот концерт во ЈУДГ „Корчагин“ – објект „Пинокио“, каде што дечињата од објектите „Пинокио“ и „Палешка“ со искрена радост и насмевки посакаа добредојде на Новата 2026 година. Со специјално подготвена приредба заедно со учениците од ДМБУЦ Илија Николовски Луј под водство на проф. Маре Видевска, со традиционални …

Continue Reading

(Фото) Изгуби 14 килограми, а потоа ги покажа мускулите: „Сакам да бидам одговорен татко и да изгледам добро“

Познатиот пејач Ед Ширан направи драстични промени во својот живот, се откажа од некои лоши навики и успеа да ослабе 14 килограми. Како што вели, сака да биде добар пример за своите ќерки. Ед позираше за насловната страница на списанието „Men’s Health“ и откри што го натерало да се подложи на нов режим и да ослабе. Пресвртот се случил кога …

Continue Reading

(Видео) Фрчкоски: ВМРО-ДПМНЕ врши дефокус за да ги прикрие „мигрантите за пари“

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, денеска одржа вонредна прес-конференција, на која се осврна на, како што рече, обвинувањата и нападите што ВМРО-ДПМНЕ со денови ги пласира во јавноста. Фрчкоски наведе дека по изгласувањето на Резолуцијата, која, според него, наместо борба против дезинформации, значи забрана на вистината и слободата на говорот, започнале закани со кривични пријави и апсења. …

Continue Reading

Данска: Именувањето на американскиот претставник го одразува континуираниот интерес на Трамп за Гренланд

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го назначи гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за свој специјален пратеник за Гренланд, сигнализира континуиран интерес на САД за арктичкиот остров, изјави во понеделник данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен. „Назначувањето го потврдува континуираниот интерес на САД за Гренланд. Сепак, инсистираме дека сите, вклучително и САД, мора да покажат почитување на …

Continue Reading

Пешиќ би можел да се врати во Баерн

Светислав Пешиќ би можел повторно да седне на клупата на Баерн Минхен. Легендарниот српски тренер, до неодамна селектор на српската репрезентација, се споменува како прв кандидат да го води германскиот шампион до крајот на сезоната. Баерн го отпушти Гордон Херберт по серијата лоши резултати, а грчките медиуми пишуваат дека доколку Баварците се одлучат за привремено решение, Пешиќ има најголеми шанси. …

Continue Reading

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и други позиции во амбасадите, меѓу кои и американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер. Ова доаѓа како дел од напорите за преобликување на американските дипломатски мисии и назначување персонал кој се смета дека целосно ги поддржува приоритетите на Трамп отелотворени во неговата порака „Америка на прво место“. …

Continue Reading

Орбан: Колапсот на Украина би бил катастрофа за Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека колапсот на Украина би бил катастрофа за Унгарија и дека мора да се направи сè за да се спречи тоа. Тој ја испрати пораката во неделата за време на говорот во Сегед, како дел од неговата предизборна турнеја, каде што се соочува со силна опозиција пред претстојните избори за прв пат по 15 години …

Continue Reading