За седум месеци годинава 101 пациент побарал психијатриска помош поради семејно насилство, лани биле 79
Во пораст е бројот на пациенти кои побарале помош од ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија поради стрес поврзан со претрпено семејно или партнерско насилство. Психијатри од клиниката ретроспективно ги прегледуваа електронските здравствени записи во системот „Мој Термин“ за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година, за дијагнозите F.43 (растројства поврзани со стрес ), со цел идентификување на случаите на …
Continue Reading
Една жена загина, а две се тешко повредени во напад со нож во дом за стари лица во Германија
Една 86-годишна жена загинала, а други две жени се тешко повредени откако 72-годишен станар ги нападнал со нож во дом за стари лица во градот Олфен, во германскиот регион Минстерланд. Нападот се случил вчера, нешто по 19 часот, во кафетеријата на домот „Свети Витус“, објави „Билд“. По нападот, осомничениот се предал без отпор во својата соба. Мотивот за нападот врз …
Continue Reading
Тетовец ѝ побарал пари на мајка си, па откако му дала, побарал уште и фрлил предмет кон неа – приведен е
36-годишен тетовец бил приведен откако неговата 62-годишна мајка пријавила дека станал агресивен откако му дала пари и побарал уште. Според информациите од МВР, инцидентот се случил денеска, околу 1 часот по полноќ. Жената пријавила дека синот ѝ побарал пари, а откако ги добил, станал агресивен и побарал дополнителна сума, при што фрлил тврд предмет кон неа. Полициски службеници од Полициската …
Continue Reading
Двајца мажи приведени во Куманово при обид да украдат производи од продавница
Двајца мажи биле приведени во Куманово откако биле затекнати во продажен објект при обид да одземат производи, соопшти МВР. Случајот се случил вчера околу 18:40 часот, во продавница на булеварот „Октомвриска револуција“. „Полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ш.( 52) од Скопје и А.А. (51) од село Страчинци, скопско“, велат од полицијата и додаваат дека по целосното …
Continue Reading
Киев ги отфрли руските тврдења дека го освоиле источниот град Доброполија
Украинските сили и натаму имаат контрола врз источниот град Доброполија, соопшти Киев, отфрлајќи ги тврдењата на Москва дека руската војска го зазела градот. Руското Министерство за одбрана претходно денеска објави дека неговите сили презеле контрола врз уште осум украински населени места, пренесе новинската агенција Интерфакс. Сепак, портпаролот на Генералштабот на украинската војска, Андриј Ковалиов, во писмена изјава испратена до „Ројтерс“ …
Continue Reading
Кои санкции против Русија ги одложи Трамп?
Американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи примената на санкциите против Русија предвидени со законот „Линдзи Греам за санкционирање на Русија и Иран од 2026 година“. Мерките требаше да извршат дополнителен економски притисок врз Москва поради војната во Украина. Законот, кој беше дел од политичкото наследство на починатиот сенатор Линдзи Греам, сојузник на Трамп, беше потпишан на 18 септември. На администрацијата …
Continue Reading
Московските аеродроми повторно затворени поради напади со дронови – откажани или одложени најмалку 371 лет
Најмалку 371 лет бил откажан или одложен во текот на ноќта меѓу 16 и 17 октомври, откако сите четири московски аеродроми повторно беа привремено затворени поради напади со дронови, пренесува „Аеро Телеграф“. Ограничувањата ги опфатија аеродромите Внуково, Домодедово, Жуковски и Шереметјево. Руската Федерална агенција за воздушен сообраќај, Росавијација, го запрела полетувањето и слетувањето на Внуково, Домодедово и Жуковски на 16 …
Continue Reading
(Видео) Најмалку 10 загинати во пожар во туристички комплекс во Бангладеш – немал дозвола за работа
Најмалку 10 лица загинале, а повеќе се повредени во пожар што избувнал утрово во дрвен туристички комплекс во градот Укија, во близина на туристичкиот центар Кокс Базар, на југоистокот на Бангладеш, соопшти противпожарната служба. Пожарот избувнал околу 7:30 часот по локално време во трокатен објект во комплексот „Туп Туп“. На приземјето се наоѓал ресторан, додека на првиот и вториот кат …
Continue Reading
(Фото+видео) Камионите чекаат и до два дена на границата меѓу Полска и Украина поради воздушните тревоги
Долги колони товарни возила се формирале на граничните премини меѓу Полска и Украина, каде што чекањето за преминување достигнува речиси два дена. Причина за доцнењата се зголемениот сообраќај пред викендот и прекините на царинските постапки за време на воздушните тревоги поради руските напади врз Украина. Според полската новинска агенција ПАП, на 16 октомври на граничниот премин Дорогуск чекале околу 900 …
Continue Reading