(Фото) Дрога, дигитална вага и пари пронајдени при претрес во неготинско, приведен 60-годишник
Полицијата пронашла дрога, пари и предмети поврзани со нивна употреба при претрес на дом во неготинското село Војшанци. Лишен од слобода е 60-годишен маж со престој во селото. Претресот бил извршен на 16 октомври со судска наредба од Основниот суд во Кавадарци. Полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, бела прашкаста материја, семки, дигитална вага, дробилка, пари и други предмети. Мажот …
Continue Reading
Во Брвеница гласале 85 од 88 болни и немоќни лица, како и седум од девет затвореници и притвореници, соопшти ДИК
Од вкупно 88 болни и немоќни лица, досега 85 го оствариле своето право на глас, информира Државната изборна комисија (ДИК), повикувајќи се на досега пристигнатите информации. Од вкупно девет лица запишани во Избирачкиот список кои издржуваат затворска казна или се во притвор, досега гласале седуммина. Гласањето на овие лица се спроведува во три казнено-поправни установи на територијата на Македонија, во …
Continue Reading
Маѓар: Зеленски побара транзит на украинското жито преку Унгарија и соседните земји
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави денеска дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од соседните земји – Полска, Романија, Словачка и Унгарија – да овозможат транзит на украинското жито поради блокадата на Црното Море. Маѓар, кој вчера на билатерална средба со Зеленски се договорил за обновување на односите меѓу Украина и Унгарија, изјави дека не би имал ништо против оваа мерка …
Continue Reading
Лажна новинарка нудела текстови на престижни научни списанија
Непознато лице се претставувало како британската научна новинарка Линда Гедес и нудело текстови на угледни научни списанија, користејќи ги нејзините претходно објавени трудови за измамата да изгледа поверодостојно. Случајот отвори прашања за тоа колку лесно може да се злоупотреби професионалниот идентитет на новинарите и како вештачката интелигенција може да ги олесни ваквите измами. Гедес за британски „Гардијан“ опишала дека дознала …
Continue Reading
Хутите го опколија третиот по големина град во Јемен, се продлабочува кризата
Хутите го опколија Таиз, третиот по големина град во Јемен, со што дополнително се заострува конфликтот во земјата, објави „Фајненшел тајмс“. Таиз се наоѓа во југозападниот дел на Јемен и претставува важна сообраќајна врска меѓу крајбрежјето и внатрешноста на земјата. Неговото заземање би можело да им го отвори патот на Хутите кон Аден, каде што се наоѓа седиштето на меѓународно …
Continue Reading
Двајца 14-годишници тешко повредени во судир на мотоцикл и трактор во Муртино
Двајца 14-годишници се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и трактор што се случила вчера напладне во струмичкото село Муртино. Несреќата се случила на 16 октомври во 12:30 часот, кога се судриле трактор „ИМТ 533“, управуван од 57-годишен жител на Муртино, и мотоцикл без регистарски таблички, кој го управувал 14-годишник од селото Банско. На мотоциклот се …
Continue Reading
Трамп призна дека користи шминка: „Ставам многу малку и тоа го правам сам“
Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека користи шминка, но нагласи дека ја нанесува во мали количества и дека тоа го прави сам, пренесе денеска „Фокс њуз“. Трамп ова го изјави синоќа на предизборен митинг во Далтон, во сојузната држава Џорџија, додека го исмеваше демократскиот сенатор Џон Ософ, тврдејќи дека тој троши многу повеќе пари на шминка. „Ософ потрошил повеќе пари …
Continue Reading
Ормускиот Теснец е затворен, вели Иранската Револуционерна гарда
Морнарицата на Корпусот на чуварите на исламската револуција (ИРГЦ) денеска повторно соопшти дека Ормускиот Теснец е затворен и дека на странските бродови им е забранет преминот низ овој стратешки важен поморски коридор. „Ормускиот Теснец е затворен и преминувањето на странски бродови низ него е забрането“, се наведува во соопштението на Иранската револуционерна гарда. ИРГЦ предупреди дека не може да ја …
Continue Reading
(🔴Во живо) Десетици илјади на улиците низ Франција, солзавец и насилни судири со полицијата – најмалку 166 уапсени
Клучни информации: – Студентските протести во Франција прераснаа во пошироки нарушувања поради загриженоста за трошоците за живот. – Левичарски групи, синдикати, земјоделци и учесници во протестите на „Жолтите елеци“ излегоа на улиците низ целата земја. – Најмалку 166 лица се уапсени низ Франција. 🔴 14:59 – Најмалку 166 уапсени Најмалку 166 лица се уапсени низ Франција по судирите меѓу демонстрантите …
Continue Reading