Хоџа-Хричова: Создаваме можности и соработка за понатамошно зацврстување на партнерството

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со амбасадорката на Република Словачка во Република Северна Македонија, Ивета Хричова. На средбата Хоџа-Хричова беа истакнати традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, како и заедничката определба за нивно понатамошно унапредување, особено во контекст на европската интеграција на Република Северна Македонија. Хоџа изрази благодарност за континуираната и …

Continue Reading

Медведев: Русија не сака глобален конфликт, ние не сме луди

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека светот станува многу опасно место, но дека Русија не сака глобален конфликт. Руската инвазија на Украина во 2022 година предизвика најголема конфронтација меѓу Москва и Западот од врвот на Студената војна, иако претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп во моментов се обидуваат да преговараат за крај на војната со Русија …

Continue Reading

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар Марковски, кој вечерта кога се случи пожарот од клубот излегол со повреди на дишните патишта, сведочеше дека вратата кај бината служела преку неа да излезат малолетници во случај на полициска рација. Неколкумина сведоци на минатите рочишта кажаа дека освен вратата …

Continue Reading

Европа ризикува да стане подредена, поделена и деиндустријализирана ако не се трансформира во „вистинска федерација“, вели Драги

Европа ризикува да стане подредена, поделена и деиндустријализирана ако не се трансформира во „вистинска федерација“, предупреди денес поранешниот италијански премиер и претседател на Европската централна банка, Марио Драги, во говорот на Универзитетот во Лувен во Белгија, пренесува „Euronews“. Според Драги, „моќта бара Европа да се трансформира од конфедерација во федерација“ бидејќи глобалниот поредок „сега се распадна“. Во својот говор, кој …

Continue Reading

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна со работа највисокото координациско тело задолжено за следење и унапредување на институциите кои спроведуваат финансиски истраги и конфискација на имот. Со Советот претседаваше Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, а на состанокот присуствуваа претседателот на …

Continue Reading

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за здравство. „Меѓу нив се: Д-р Уголино Ливи, кардиохирург од Италија, со искуство како редовен професор од областа кардиохирургија на Универзитетот во Удине, а бил ангажиран како визитинг професор на универзитетите „Стенфорд“ и „Сан Диего“ во САД, кој има стекнато богато …

Continue Reading

(Видео) Крај на партиски вработувања во здравството и заштита на бремените работнички, нови предлог закони најавија од Левица

Амар Мециновиќ, пратеникот од Левица, на прес конференција најави дека пратеничката група на Левица ќе поднесе два закони во Собранието со цел да се стави крај на, како што наведуваат од оваа партија, неправдите во јавното здравство и на системската дискриминација на бремените работнички. Првиот закон, се однесува на процесот на вработување во јавното здравство, кој, како што рече Мециновиќ, …

Continue Reading

Божиновска: Државата воведува ред во енергетиката, усвоен Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес одржа прес-конференција на која министерката Сања Божиновска ги презентираше Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Во рамки на Годишниот план за 2026 година, до Министерството беа доставени вкупно 284 иницијативи од заинтересирани инвеститори, по јавен повик објавен во септември 2025 година, со рок за поднесување до 01.10.2025, согласно …

Continue Reading

Само што дојде во Џирона, Тер Штеген се повреди

Марк-Андре Тер Штеген доживеа нова повреда. Тој штотуку пристигна во Џирона, како позајмен од Барселона, а поради повредата тој би можел експресно да се врати на „Ноу Камп“. Каталонски извори денес потврдија дека Тер Штеген доживеал повреда на мускулот што ќе го оддалечи од терените помеѓу два и три месеци. Не е невозможно Џирона да ја прекине позајмицата бидејќи паузата …

Continue Reading