Во последниот натпревар од 34-то коло од Премиер лигата, играчите на Арсенал успеаја да го победат Њукасл со 1:0 на домашен терен.
Единствениот стрелец и херој на победата на Арсенал беше Еберечи Езе, кој на брлијантен начин ја погоди мрежата на Њукасл во девттата минута од натпреварот.
Арсенал сега е три бода пред Манчестер Сити на врвот на табелата во Премиер лигата со натпревар повеќе.
Њукасл ја продолжи својата серија порази, нема освоено бод во последните три натпревари.
За среќа, тие се уште се далеку од зоната за испаѓање и се чини дека ќе обезбедат опстанок.
Ова беше многу важен натпревар за тимот на Арсенал, особено по поразот од Сити во минатото коло.
Од моментот кога постигнаа гол, Арсенал, како што се очекуваше, ја контролираше играта и не создаде ниту една сериозна шанса до крајот на натпреварот.
Од дрга страна Њукасл сериозно се закани во неколку наврати.
Најблиску Њукасл до постигнување гол беше во 80-та минута, кога Виза го промаши целиот гол од околу десет метри по одлично додавање од Волтемаде.
„Топџиите“ одиграа уште еден не толку добар натпревар, но победија што е најважно за сите нивни навивачи во овој момент.
Арсенал ќе игра против Фулам во следното коло, исто така дома, додека тимот на Еди Хау ќе се сретне со Брајтон.
Foto/ EPA