Орбан се откажува од пратеничкото место


orban-Depositphotos_286567240_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на партијата Фидес – Унгарски граѓански сојуз и премиер во заминување, Виктор Орбан изјави дека ќе се откаже од пратеничкото место, што го освои на парламентарните избори на 12 април.


Тој истакна дека е подобро енергијата да ја насочи на „обновување на националното движење“ отколку на седење во парламентот.

Орбан истакна дека пратеничката група на Фидес ќе ја води неговиот шеф на кабинет Гергеј Гујаш.

Тој наведе дека на состанокот на неговата партија биле донесени неколку важни одлуки, меѓу кои и реструктурирање на парламентарната група на Фидес, а новата група што ќе биде формирана в понеделник.

– Јас не сум потребен во парламентот, туку за реорганизација на националното движење, истакна Орбан.

Тој посочи дека раководството на партијата препорачало да продолжи со својата работа како лидер на Фидес.

– Ако партискиот конгрес ми верува, јас сум подготвен за задачата, наведе Орбан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK